Не, ако си среќен не значи дека ќе живееш подолго

Внимание: ова не значи дека треба да тренинрате намќорлук во животот. Останете позитивни и смејте се повеќе и почесто. 

Иако генерално се мисли дека посреќните луѓе имаат помалку здравствени проблеми и живеат подолго, една нова студија објавена во Ланцет вели дека ова не е баш вака. Смртта несомнено ќе не стигне сите, и тоа подеднакво без разлика дали сме со или без насмевка. А може и да се грешка затоа што студијава била правена само на жени…

Резултатите добиени од околу 720,000 жени на возраст од 50 до 69 години покажаа дека среќата можеби и не е магичната состојка за долговечен живот т.е. морталитетот кај луѓето е скоро идетичен без разлика дали сте среќни или несреќни. Во текот на три години овие жени редовно пополнувале прашалник за нивната животна состојба т.е. за чувството на среќа.

Притоа жените со веќе постоечки болести и состојби биле искчлучени од истражувањето и истото било правено на релативно здрави особи. Статистиката покажала дека без разлика на состојбата во која се наоѓале жените, нивото на морталитет било скоро идентично, и кај посреќните и кај оние несреќните. 

Главниот доктор на истажувањето вели дека претходните мислења дека тагата доведува до рана смрт всушност имаат „обратно” значење кадешто тагата е нус-продукт на некоја состојба на нарушено здравје која води до смрт т.е. таа се појавува секогаш кога некој човек е во незавидна ситуација со неговото здравје. 

Заклучокот од студијата е дека иако некои фактори како пушењето или дебелината претставуваат реална закана за човечкиот живот, тагата не се наоѓа на истата листа. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија