Наслов

Музика - вашиот најдобар пријател за вежбање

Идејата за синхронизирање на вашиот чекор за време на физичката активност со темпото на тоа што тече низ вашите слушалки не е ништо нова, а во скоро време искочија и научни докази дека тоа не тера да вежбаме повеќе, посилно. Да видиме нешто повеќе за битовите во минута и вашата физичка активност.

Уште од дамнешно време се користел позитивниот ефект од синхронизирањето на некаква активност со ударите (темпото) на одредена музика. Веслачите во римските галии веслале во тактот на тапанот, а војската до ден денес ги темпира тренинзите спрема некој ритам диктиран од надредникот. 

  • „Во основа, метрономскиот аспект, односно синхронизирањето на движењето спрема ритамот е најважната работа која носи позитивен (или негативен ефект), но тука е и самата стимулација која што со себе ја носи музиката“, вели Карл Фостер, директорот во „Лабараторијата за човечки перформанси“ каде се испитуваат ваквите корелации.

Кога би се одбирала одредена плејлиста на песни соодветни за спортување треба да се гледа на интензитетот на песните, тематиката (односно чувствата кои ги будат) и најважното, соодветното темпо на песната спрема активноста која се работи. Инстинктот е тој што ни кажува да се движиме спрема тактот, па затоа, особено во спортовите каде што има повторувачки движења потребно е усогласување на тактот на песната со движењето како би се извлекол максимумот. 

Тематиката е доста дискутирана, особено меѓу популацијата која практикува аеробни вежби, а она што основно треба да го знаете се „ударите во минута“ на одредената песна, како би можело таа да се вклопи во вашите вежби. 


 Тука ѕирнете како „Музицирањето ни го обликува тренингот“


Па така, одредени извори велат дека за да извлечете максимум при трчање на еден километар за под 5 минути музиката треба да биде со околу 170 удари во минута, како би го фатиле правилното темпо. Други пак одат до 200, но сепак, бројките се движат во овој домен.

Кога во прашање се велосипедистите, рекреативците вртат на педалите со околу 60 до 80 пати во минута, а доколку сакате да вложите повеќе пот, може да отидете на 90 до 110 пати во минута. Па таргетот на музика нека ви биде околу овие удари во минута за да направите синхронизација. 

Кај малку поактивните аеробни вежби пак, темпото се движи околу 130 удари во минута. 

Да не должиме многу, одберете си нешто што ќе ви лежи на душа, овде можете да ги најдете ударите во минута на искуцаната песна (башка на нет можете додатно да се информирате) и дим да ве њама. 

26 Февруари 2014

За авторот