Наслов

Многу убави причини за секојдневен креветен тренинг

Ако ве мачат стресови, стравови и животни проблеми (а кого не го мачат?!) има еден многу едноставен и природен лек што треба секојдневно да се конзумира за да си осигурате долговечен и среќен живот.... Секс. 

Ова се на кратко придобивките што ќе ги ќарите од оваа најприродна активност...

1. Ослободува од стрес

Поради допаминот (хормонот на среќата) што се ослободува при водењето љубов. 

2. Одлична форма на физичка активност

Додека трае сексот се случуваат физиолошки промени во телото идентични како при тренинг. Се задишуваме што значи дека сме се умориле. Што значи дека трошиме калории.

Со задишувањето се зголемува количината на кислород што се спроведува до келиите, а тестостеронот што се создава при водењето љубов ги одржува во добра форма коските и мускулите.

3. Намален крвен пристисок

При гушкање и водење љубов се намалува крвниот притисок (диастолниот крвен притисок - долниот).

4. Појак имунитет

Ако сте настинати лекот веќе го знаете - водење љубов. Имуноглобулинот А е антиген што ве штити од настинки, а се лачи пропорционално со фрекфенцијата на сексот.

5. Младешки изглед

Неуропсихологот Дејвид Викс во својата книга „Тајните на супермладите” (Secrets of the Superyoung) ги изнесува своите истражувања на оваа тема. Тој вели дека е добро да се има добар секс. Всушност, доколку имате секс 3 пати неделно ќе изгледате 10 години помлади. Нема потреба од ботокс и слични третмани...

6. Здраво срце

На оваа тема има повеќе студии наменети за мажите. Се испитува ефектот од водењето љубов за здраво срце, каде 45% од испитаниците имале помали шанси за срцев удар. Повеќе истрошени калории обично значи и поздраво срце.

7. Ослободува од болка

Уживањето ја уништува болката. Ако имате мигрена и болки во телото сексот е лекот за болката, но доколку чувствувате болки во грбот тогаш треба да се консултирате со доктор. 

8. Изградена доверба и сигурност

Овој акт го стимулира лачењето на хормонот окситоцин. Тој е одговорен за нашата среќа и љубов. Ако сте загрижени за врската, тогаш сексот ќе ги подобри работите. Преку него се гради доверба и блискост помеѓу партнерите. 

9. Намалени шанси за канцер

Со регуларна ејакулација се намалува шансата за развивање на рак на простата. Според едно Австралиско истражување мажите кои ејакулирале околу 20 пати месечно имале помали шанси да развијат рак. Истражувањето е подржано и од подоцнежни истражувања според кои сексот навистина ги намалува шансите за да се развие овој вид на рак.

10. Посилна пелвична мускулатура

Регуларниот секс помага при развивање на посилна пелвична мускулатура. При актот се активирааат цела низа мускули, а притоа помага истите да се зајакнат како квадрицепците и горните грбни мускули. Исто така, се задржува правилната работа на мочниот меур и цревата.

11. Заштита за простатата

Најголем дел од течноста која се ејакулира се лачи од жлездата на простатата. Ако се прекине, таа останува во жлездата која може да потече и да предизвика многу дополнителни проблеми. Регуларната ејакулација ги исфрла течностите надвор и се грижи за добросостојбата на простатата сè до старост. Проблеми може да се појават само ако наеднаш се смени фрекфецијата на ејакулирање.

12. Подобар сон

После супер вежбање сигурно следи добар сон. Сексот функционира на истиот начин како и вежбањето. Зголемена работа на срцето води до зголемена пост-сексуална релаксација. Сексот може да биде од огромна помош во борбата против инсомнија. Што навистина се случува...
- Сексот ќе ве релаксира, така што ако сте веќе изморени, ќе ве заспие.
- Кога мажите ејакулираат тие стануваат летаргични, а тоа ги заспива.

13. Регуларни менструални циклуси

По сè изгледа сексот може да го подобри и менструалниот циклус. Сексот ги регулира хормоните што всушност се одговорни за циклусот. Го редуцира стресот, кој е една од причините поради кои жените имаат нередовен циклус. Сексот изгледа како подобра опција од апче.

14. Превенира еректилна дисфункција

Педесет проценти (50%) од мажите постари од 40 години страдаат од еректилна дисфункција, а сите помлади се плашат од оваа состојба. Најдобриот лек против импотенција е... повторно сексот. Ерекцијата овозможува крвта да протече низ артериите во пенисот, па затоа ткивото останува здраво. Докторите ја споредуваат ерекцијата со атлетски рефлекс, односно колку повеќе тренираш толку си поспособен кога изведуваш.

15. Продолжен животен век

Здраво срце, посилни мускули, зголемена циркулација на кислород и среќа се некои од факторите кои додаваат живот на годините и како резултат на тоа, години на вашиот живот.

Истражување публикувано во Британското Медицинско списание открива дека мажите кои често практикуваат секст живеат два пати подолго од оние кои ретко го практикуваат.

16. Поздрава семена течност

Ако се обидувате да зачнете и имате редовен секс, ќе го зголемите волуменот на семената течност. Регуларниот секс ја заменува старата сперма од тестисите. 

07 Јули 2014

За авторот