Mirror Therapy – Терапија со огледало

Принципот на Mirror Therapy е употреба на огледало да се создаде рефлективна илузија на зафатениот екстремитет, со цел да се “измами” мозокот во размислувањето дека самото движење е реално односно се случува без болка. 

Тоа подразбира поставување на засегнатиот екстремитет зад огледалото, кое е поставено така да рефлексијата на спротивниот екстремитет се појавува на местото на засегнатиот екстремитет кој што е позади огледалото. Кутијата со огледало овозможува полесно да се создаде ваквата илузија.

Тоа претставува кутија со едно огледало во центарот каде што секогаш рацете се поставуваат да засегнатата рака е позади огледалото, а во огледалото да се рефлектира слика од раката која што е здрава.

Mirror Therapy е измислена од страна на Вилајанур С. Рамачандран кој што ја измислил за да помогне во ублажување на болките на пациентите кај кои што е направена ампутација, а имаат фантомска болка (болка на екстремитетот кој што е ампутиран).

Рамачандран и Роџерс-Рамачандран први ја измислиле техниката со таа цел за да се помогне на пациентите со фантомска болка. Визуелниот фидбек, од гледањето во одразот во огледало овозможил да пациентите чувствуваат движење во фантомскиот екстремитет. Нивната хипотеза била да секој пат кога пациентот ќе се обиде да го помести тој екстремитет добива сензорни повратни информации (преку визија и проприоцепција). Кутијата за овој вид на терапија е создадена да на мозокот му се помогне да се елиминира таа “научена” фантомска болка.

Техника

Пациентот го става здравиот екстремитет на едната страна, а ампутираниот на другата. Потоа, пациентот гледа во огледалото од страната на здравиот екстремитет и прави симетрични движења на огледалото, исто како ракоплескање на рацете. Бидејќи субјектот ја гледа рефлектираната слика на здравиот екстремитет, се чини дека и фантомскиот екстремитет се движи. Преку употребата на овој вештачки визуелен фидбек станува возможно пациентот да го ”премести” ампутираниот екстремитет и да се откријат потенцијално болните позиции.

Принципи на мирор терапија

Овој пристап го искористува изборот на мозокот да даде приоритет на визуелниот фидбек над соматосензорниот/проприоцептивниот фидбек во врска со положбата на екстремитетите. Во услови како што се болка во фантомскиот екстремитет, мозочен удар или синдром на хроничен регионален болен тип кадешто невропатските процеси предизвикуваат проблеми со болка, поврзани или неповрзани со движењето, се смета дека овој пристап нуди потенцијално олеснување кај овие состојби.
Мирор терапијата се покажала дека ја зголемува кортикалната и спинална мотоска ексцитабилност, веројатно преку ефектот на ”нервниот систем на огледалото”. Мирор невроните се презентирани од околу 20% од сите неврони презентирани во човечкиот мозок. Овие мирор неврони се одговорни за повторната реконструкција, односно, способноста да се разликува левата од десната страна. Кога се користи мирор кутијата, овие мирор неврони се активираат и помагаат во обновувањето на засегнатите делови. Овој систем се смета дека го користи набљудувањето на движењето се со цел да ги стимулира моторните процеси кои ќе бидат вклучени во одредено движење. Сличностите се нацртани со мотони снимки кадешто поединецот ментално ќе ги замисли движењата наместо да го следи одразот во огледалото. Се смета дека природната инклинација на мозокот да даде приоритет на визуелниот фибек над сите други функции ќе ја направи мирор терапијата многу моќна алатка, сепак, сеуште нема доволно докази за истражување на оваа хипотеза. Треба да се забележи дека најголемата разлика во невронската реорганизација додека се користи мирор терапијата е дека нервните ипсилатерални хемисфери даваат врска со истите страни на погодениот екстремитет, а не конвенционалните терапии кои се насочени кон невронска реорганизација на контралатералната хемисфера.

За прв пат во Македонија ќе се одржи  овој курс во организација на Македонското физиотерапевтско здружение.

Повеќе информации може да се добијат на :

 www.mfz.mk  [email protected]  070/772122

https://mfz.mk/%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-mirror-therapy/