Масажа после спортски активности

Релаксирачката масажа е ефикасен метод за елиминацијата на непријатните мускулни болки после тренинг, натпревар или рекреација.

 

Ако сте редовно спортски активен веројатно ви е јасно дека мускулната болка е сосема нормално и природно чувство и е сигнализатор за напредокот во вашите активности.

Но болката си е болка, непријатно чувство што може да се елиминира или да се намали во подносливи граници со навиките за релакс масажа. Масажата всушност во исто време има и низа на други бенефити.

Мускулната напнатост со масажата драстично се намалува, мускулите се чувствуваат
полесни, болката се намалува, така што општото чувство од изминатиот тренинг или
натпревар се намалува.

Квалитетна масажа потпомогната со квалитетни етерични масла ја подобрува
васкуларната дренажа т.е. на тој начин се истискуваат сите метаболни остатоци преку
клеточната мембрама на мускулните влакна. Клучна задача на масажата е елиминација на овие отпадоци кои се причина за сите последователни симптоми
почнувајќи од болката.

Освен што се прави елиминација, се прави и свеж дотур на оксигенирана крв и
хранителни материи со што се надополнуваат енергетските депоа. Нормално е дека во еден масажен циклус не можат да се опфатат сите мускулни групи, но масажата на
најактивните мускулни групи ќе допринесе до мускулни промени и во пасивните
групи.

Добра масажа во фазата на рекуперација, после физички стрес има и психолошки
придобивки. Подобрено расположение, намалена анкциозност, смирен ум и добар сон
се одличен бакшиш. Антидепресивниот статус со подобар мотивационен потенцијал е
дел од психофизичката состојба која се постигнува со релакс масажа после физичка
активност.

Релакс масажата е одлична припрема за вашето тело и ментум за предизвици од
секаков вид.

Ако знаете да го изберете и соодветно етерично масло или гел за масажа, бидете
сигурни дека ароматерапијата ќе ви биде дополнителна провокација за да ја
повторите постапката.

Идеален комплекс за идеален мускулен баланс, телесен психорелаксатор и
незаборавна ароматерапија, после било каков физички стрес е релаксирачката
масажа.