Наслов

Мапа на „најопасните“ теретани

Под „најопасни“ се сметаат оние теретани кои имаат најголем процент на сендвичари во околината поради фактот што човечкиот ум често се наведнува кон награда од нешто мрсно после сериозен тренинг.

Се работи за мапа на теретани во Њу Jорк каде се прикажани оние кои во нивниот блок имаат најголема концентрација на фаст фуд ресторани од различни типови. И тука се класифицирани како „најопасни“ бидејќи често луѓето знаат да се наградуваат со некоја калориска бомба после тренинг. 

Без разлика што ние овде немаме мапа за да видите каде има, а каде нема сендвичари околу теретаните, она на што алудираме е контролата на стрвноста за јадење, особено после тренинг. 

Темата, малку разработена и овде, може да ви го загрози целиот биланс и рамнотежа што сакате да ја постигнете, бидејќи често калориите што се внесуваат после вежбање се енормни. 

Сепак, без разлика дали имате или немате избор за „добра“ награда после вежбање, ваше е дали ќе одберете да се наполните со калории или ќе продолжите со здравиот режим кој го терате покрај фитнесот. 

За комплетно справување со стрвноста за калории после вежбање потребни се комплетен режим на тренинг, исхрана и здраво живеење. 

Доколку успеете да имате добро испланирани и здрави оброци кои ќе ве задоволат во секоја смисла, тренинг кој ќе опфати и кардио и тегови и мала логистичка поддршка од блиските, можете лесно да ги пребродите ваквите моменти.

16 Октомври 2013

За авторот