Наслов

Кардио за „ужинка“ - стабилен шеќер во крв

Јасни се работите околу позитивниот ефект на вежбањето врз контролата на нивоата шеќер во крв, нешто особено важно за дијабетичарите, но уште подобро би било кога едното вежбање на ден би го направиле на повеќе мали сеанси, слично како „ужинки“.

Уште од пред некоја година научниците се интересираат за подобриот ефект од повеќето одвоени кратки интервали на вежбање спрема една целосна  повеќеминутна сесија врз здравјето на човекот. Во последен период искочија неколку студии на оваа тема кои што ја потврдуваат оваа хипотеза. 

Во 2012 година беше покажано дека луѓето со висок крвен притисок имаат имаат подобри ефекти во неговото намалување кога прават три одвоени десетминутни прошетки за разлика со оние кои пешачеле 30 минути одеднаш, само еден пат во денот. 

Оваа пак година, слични ефекти од одвоените вежбачки „ужинки“ беше докажан и врз контролата на шеќер во крвта кај испитаници со дијагностициранa резистенција на инсулин (синдром кој често претставува перкурсор на дијабет Тип 2). 

Резултатите го потврдија ефектот од вежбањето врз намалување на високите нивоа на шеќер во крвта кај овие пациенти по одреден оброк, но се докажа дека доколку едниот получасовен тренинг би се заменил со две или три одделни пократки вежбања добрата контрола на шеќерот трае низ текот на наредните 24 часа. 

Покрај ова, истражувачите велат дека и интензитетот на вежбањето игра голема улога во подобрувањето на контролата. Имено, повисоко интензивните тренинзи се повеќе потентни отколку вежбите со низок или среден интензитет. 

15 Мај 2014

За авторот