Лекција од маратонецот што се распадна од тренинзи

Еден од најдобрите американски атлетичари во последната декада, Рајан Хал се пензионираше од спортот на 33-годишна возраст поради „наталожување” на бројни симптоми од синдромот на претренираност – слабост, истоштеност и ниски нивоа на тестостерон. Прочитајте колку е важно добро, ама стварно добро да се одморите.

Хал e еден од најдобрите атлетичари на САД со повеќе важни резултати и одлики во спортот. Во 2005 година тој беше на првото место од подиумот на 5 километри на национално ниво, во 2007 година го постави најдоброто американско време на полу-маратон (59:43), а истотака тој го држи и најдоброто време од Американец на Бостонскиот маратон 2011 година (2:04:58).

Во неговата кариера стојат уште бројни одлични резултати, но во последните неколку години, поточно од 2012 па наваму неговите резултати и форма започнаа еден огромен и долг пад кој оваа година заврши со крај на неговата кариера. Сето ова е поради наталожените ефекти од синдромот на претренираност т.е. од неможност телото коректно да се одмори и рекуперира во првобитната форма.

Во последно време научниците се повеќе му обрнуваат внимание на овој синдром кој најчесто се јавива после долг период на практикување на ригорозни тренинзи без соодветен одмор на телото. Истиот се јавува во форма на слабост, изнемоштеност, депресија, раздразливост и недостиг на мотивација, а во последен период се” повеќе се дава на занчење на ниските нивоа на тестостерон кој се јавуваат кај вакви случаи.

 

Она што Хал го има изјавено е дека долгиот период од секојдневни ригорозни тренинзи (и до 15 милји на ден) имаат направено таква саботажа врз неговото тело, што долг период (читај години) тој не бил во можност целосно да се опорави од овие склопот на овие мизерни и фрустрирачки симптоми.

Тоа што треба секој од нас да го разбере од оваа приказна е патот на настанување на овој синдром. Денеска научниците велат дека долготрајните тренинзи без или со многу краток одмор ја одземаат можноста на телото коректно да се опорави од ефектите на тренинзите што по одреден период излегува дека тој систем на опоравување целосно се распаѓа и телото не е во можност да се врати во колосек и покрај тоа што вие долго време сте одмарале.

Тогаш доаѓате до момент кога сфаќате дека колку повеќе тренирате, толку послаб, поспор и послабо мотивиран станувате. Тешко заспивате, се будите со тахикардија (срцебиење), се чувствувате раздразнет, а она што претходно ве правело среќен и исполнет, сега ве тера на стрес и депресија.

Но, најфрустрирачкиот дел не е тоа, туку кога сфаќате дека вие и после недели, па и месеци не сте во можност да се извадите од оваа ситуација – нешто што долги години го има прогонувано големиот Хал.

Точно е дека за да се случат вакви екстремни случаи потребно е навистина долг период на напорни тренинзи, но тоа не значи дека не може да се случи и кај рекреативците или можеби малку повеќе посветените спортисти.

Исходот е тој, изборот е ваш. Рајан Хал изјави дека после пензионирањето се чувствува многу подобро бидејќи му ставил крај на страдањето. Затоа, читајте како да одморите коректно:

1. 6 ЗНАЦИ ДЕКА ПРЕТЕРУВАТЕ СО ТРЕНИНГОТ

2. ВАЖНОСТА НА ОПОРАВУВАЊЕТО ПО ИСТРЧАН ПОЛУ/МАРАТОН

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија