Нетипични коњички спортови и тренинзи

КОЊ(ј)ОГА?

Хм, од каде да почнеме? Дали од прашањето кој во дадениов случај прави јога, коњот, човекот, или можеби заедно?

 

Во суштина, на видеото погоре кое најверојатно ќе ве остави подзинати, не гледате „коњичка јога“, иако така некако знае да делува, туку гледате еден тренинг за припитомување на коњи применет од школото Doma India од Сан Луис, Аргентина.

Школата е основана пред околу 50-тина години од фамилијата Скарпати кои работат под филозофијата дека ненасилното припитомување на коњите може да направи една силна и разумна врска помеѓу двата вида. Со ова, тие покажуваа дека употребата на било каква бруталност во тренирањето на овие животни е целосно непотребна па дури и контрапордуктивна.

За фамилијата Скарпати коњот претставува свето животно, а овој концепт на скротување го имаат испорбано и на диви, трауматизирани коњи. И навистина, инзвонредно е како со правилен пристап, метод и техника човек може да истренира едно животно на комплексни вежби и позиции, па затоа, престанете да се вадите дека не можете…

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија