Колку му е важна перницата на еден спортист?

Спортските перформанси директно зависат од квалитетот на спиење што го добива спортистот. Дека оваа конекција е силна покажуваат и низа истражувања според кои спортистите што спијат повеќе и поквалитетно имаат поголема веројатност да ги подобрат своите перформанси на терен…

Сите сме почувствувале на своја кожа дека е потешко да се вежба по лошо преспиена вечер, отколку по добра 8 часовна доза квалитетен сон. Можеби се прашувате дали ова се должи единствено на психолошкиот фактор и помислата дека не сте наспани, а можеби на вашите мускулите воошто не им пречи недостатокот на сон за да работат подеднакво добро?

Адекватниот целовечерен сон ги подобрува спортските перформанси од повеќе аспекти. Од една страна изострени се фокусот, концентрацијата, расудувањето и алертноста, особини кои се неопходи за секој атлет ако цели кон постигнување на подобри резултати. Од друга страна добриот сон е неоходен за одржување на енергијата во текот на целиот ден. Секако за добар сон е потребна и соодветна перница која дава потпора во текот на целата ноќ.

Еден мал експеримент со кошаркарскиот тим од Стенфорд Универзитот покажува дека дополнителни неколку часови во кревет може да направат вистинска разлика во спорскиот перформанс.

За целите на истражувањето, во период од две недели кошаркарите спиеле по нивната нормална шема и им биле мерени реализацијата на слободните фрлања и спринтовите, а потоа им било дозволено да спијат колку што сакаат. Бројките се подобрилезначително во брзината на спринтот, прецизноста и реализацијата, а исто така тимот назначил дека има подобро расположение и повеќе енергија во текот на денот, што воопшто не нè изненадува.

  • Со вметнување на дополнителни часови спиење во секојдневната рутина, тенисерите може да ја зголемат прецизнота дури 42%, а квалитетниот сон го подобрува донесувањето на брзи и правилни одлуки на терен за 4.3%.

Друго истражување покажува што се случува кога спортистот не добива доволна количина адекватен сон. Истражувањето спроведено во Шведска, на Универзитетот во Упсала пак покажува дека кај физички активните луѓе кои спијат помалку постои покачено ниво на два ензими НСЕ и S-100B. Овие ензими се истите оние чии нивоа се покачуваат при претрпени физички повреди на мозокот. 

Како одличен начин за да го добиете најквалитетните часови сон се анатомските мемори перници и душеци кои се изработени од полиуретанска пена и даваат одлична потпора за мускулите на главата и вратот, овозможуваат непречена циркулација во овој предел, хигиенски се и не предизвикуваат алергии.

Како и колку спијат најуспешните денес?

Роџер Федерер спие околу 11 часа секоја ноќ, Леброн Џејмс и додава уште еден плус и спие по 12 часа ноќе.

Најбрзиот човек на денешницата, Усеин Болт рекол за спиењето „екстремно е важно за мене добро да се наспијам, тоа е време кога треба да се одморам, да закрепнам и моето тело да го апсорбира тренингот“.

Мајкл Фелпс за време на подготовката за Олимписките Игри во 2012 спиеше во хипербарна комора, со цел полесно да закрепне помеѓу два тренинзи. Тоа му доаѓа како да спиете на 2500 метри надморска висина секоја вечер.