Колку те чини да не вежбаш

Ако правиш проста математика можеш веднаш да израчунаш дека ако не вежбаш на годишно ниво ќе заштедиш 12 месечни чланарини (или трошоците за што и да вежбаш). Ако правиш паметна математика тогаш ќе знаеш дека ако не си активен ќе дадеш многу многу повеќе пари на лекување… 

Иако веќе на долго и широко се потенцираат полезностите од вежбањето и активниот начин на живот во однос на превенцијата на разни видови болести и состојби, интересно ново статистичко истражување ни даде нова претстава за тоа колку отприлика луѓето може да заштедат на трошоци за лекување доколку редовно вежбаат.

Анализата направена на институтот Џонс Хопкинс во Јејл имаше за цел да одреди како навиките за вежбање и спортување и обратно, неактивниот животен стил влијаат врз годишните трошoци за здравствени услуги кај испитаниците.

Во статистиката влегоа 26000 возрасни луѓе – дел од нив со преживеани срцеви удари и кардиоваскуларни проблеми, дел од нив потполно здрави. Од оние кои немале поголеми здравствени проблеми, повеќе од половина се изјасниле дека на неделно ниво вежбаат редовно (повеќе од 150 минути), а од оние со некакви кардиоваскуларни проблеми, само третина практикувале спорт и физичка активност. 

Понатамошните статистики откриваат дека во најголемиот дел од групата со срцеви заболувања, оние кои вежбаат имаат многу помалку трошоци за здравствени услуги отколку оние кои не вежбаат – поточно дури 2500 долари заштеда на годишно ниво. Овие информации даваат прилично интересна слика за тоа колку еден човек може да заштеди во финансии и многу повеќе доколку започне да работи на своето здравје и покрај тоа што веќе има некаков проблем. 

Од другата страна, пак, оние кои биле во т.н. здрава група на испитаници, тие кои не вежбале имале 500 долари повеќе трошоци за здравствени услуги од оние кои редовно практикувале. 

„Студијата нуди уште поцврсти докази дека физичката активност има значително влијание на здравјето.” – вели Др. Хорхе Плуцки еден од кардиолозите од асоцијацијата Американ Харт. 

„Вежбањето во игра носи многу различни сили кои се во можост да ни помогнат, како на пример слабеењето. Замислте колку позитивно може да влијае и најмалото слабеење врз вашиот крвен притисок, нивоата на инфламација во телот итн. Сите овие полезности не можете да ги ставите во една пилула!”

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија