Ја претставуваме новата ZOE колекција WOMEN : NOW

Колекција која ги обединува сите девојки и жени

За сите девојки и жени кои уживаат во секој момент од денот, ZOE ја подготви новата колекција WOMEN:NOW која инспирира.

Колекцијата ги презентира сите разлики кај жените, започнувајќи од генерациски разлики, интереси, карактери, изглед и активности во кои го пронаоѓаат својот жар и пасија. На секоја од нив, ZOE пристапува индивидуално, истакнувајќи ги нивните посебни карактеристики и компонирајќи ги сите тие разлики во една целина. 

Кампањата ја водат пет едноставни, а истовремено и посебни жени, обединети во моментот низ кој се прикажуваат различни временски периоди од животот, каде секоја од нив на свој начин го ужива и цени својот NOW карактер. Меѓу нив се хрватска ТВ водителка, фитнес инструктор, како и жената која го внесе пилатесот во Хрватска.

Воодушевена сум од Zoe кампањата WOMEN:NOW бидејќи ги потсетува жените да уживаат во секој момент од својот живот. Без разлика дали се однесува на тренинг, работа или слободно време – работеле за тој момент и заслужуваат да уживаат во него и тоа во удобна и убава облека. Zoe ги спојува и двете – чувство на удобност при вежбање и тренд во облекувањето. На нас останува да се опуштиме и да уживаме“, истакна младата фитнес инструкторка Мартина Бошчиќ, позната по друштвените мрежи како Martina Boss

WOMEN : NOW колекција е спој на иновативни и неочекувани комбинации од висококвалитетни материјали, одлична удобност и обликување на фигурата. Во новата колекција е искористена најмодерната технологија за максимална удобност – Fusion Flatlock, Pefect Fit, Undeniable Comfort, Zoe Second Skin Performance, Performance Net,  Undeniable Comfort и 4 way stretch. Како новост е антитранспарентната, а истовремено и силна Body Shaping технологија со squat&jump заштита, која дава сигурност и удобност при секој тренинг и вежби. 

Наjголемата Zoe колекција носи нови модели на хеланки, кратки панталони и топови, како и маички од органски памук. Хеланките Wanted се круна на колекцијата со посебно дизајниран анатомски крој на деловите кои ја истакнуваат линијата на телото и совршено ја поддржуваат леснотијата при движењето. Овој пат, Zoe направи чекор понапред и на посебен начин направи спој со модата и фитнесот. Познатата Coco, жената која ја лансираше little black dress, Zoe Coco dress новитет кој нема да остане незабележан во новата колекција. Меѓу првите кои ја пробаа нашата нова колекција е познатата хрватска инфлуенсерка Паула Сикирич:

Во мене од секогаш гори љубов кон спортот, но модата е моја страст. Да пронајдеш бренд кој ги спојува двете во едно – среќа која неможе да се опише. Coco dress ќе биде моето најносено парче облека оваа сезона. Како кажуваат – на секоја жена и треба little black dress. А кога стои добро како Zoe Coco, сигурно сте во целосна победа.“


Новата ZOE колекција може да ја пронајдете во сите продавници на Polleo Sport