Која е најдобрата подлога за вашите колена при трчање?

Општото знаење ни диктира дека земјата и тревата се подобри од асфалтот, а асфалтот е подобар од бетонот. Ајде да видиме што всушност навистина кажуваат резултатите, кога во прашање се нашите ценети зглобови.

Идејата зад погоре наредената хиерархија е тоа што телото трпи поголем импакт кога се трча на потврда подлога, што треба да допринесе до некакви си повреди, на подолг или краток рок. 

Но, работите околу оваа сфера се малку помешани бидејќи истражувањата покажуваат дека покрај тоа што е докажано дека тврдите подлоги пренесуваат поголема сила на телото, нема баш доволно докази дека тоа предизвикува повеќе повреди. 

Досега биле направени бројни истражувања и сите некако добиваат различни резултати. Во некои испаѓа дека асфалтот е најдобра подлога, некои пак кажуваат дека воопшто нема корелација помеѓу овие две нешта, а некои ги посочуваат меките подлоги за причина за повреди. Најверојатно ова е вака поради бројните варијабли кои можат да ги променат резултатите. 

Едно е сигурно. Телото е дизајнирано да се адаптира на различните типови на опкружување па тука потпаѓа и подлогата на која се спортува. Доколу скокнете од високо и треба да слетате на бетон вие автоматски ќе направите свиткување во зглобовите бидејќи очекувате тврда подлога. Тотално различно е кога треба да слетате во трамболина каде ги држите нозете исправени т.е. не се замарате како слетувате бидејќи веќе знаете дека ќе слетате на меко. 

Така е и со нетолку очигледните примери кога трчате. Телото прави мали и суптилни промени кога трчате на потврда подлога, а можеби повеќе се опуштате ако сте на мека земја. 

Затоа, дел од спортските доктори и тренери кои ја следат оваа проблематика посочуваат дека најдобра работа е да се комбинираат подлогите на кои се трча. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија