Кардио градско-планински семејни комбинации

Една мотивација плус за сите мајки, може и татковци, со нивните дечиња, пријатели, а богами и за повозрасните генерации кои имаат потреба од свеж воздух (ова повеќе важи кога сме на планина) и испукување на вишокот енергија!

На видеото се прикажани одлични активности како кардио тренинг кои можете да си ги допуштите во градот во којшто живеете или околната планина.

Доволно е во неделата сите активности да ги свртите и да бидете повеќе од раат.

Во зависност од годишното време, зависи и активноста на вашето дете, но дури ни зимата не треба да ви претставува пречка доколку условите не се екстремни.

Секако, нивото на тежина и должина ги одредувате Вие самите, но најважниот момент е да продолжиме да се движиме!

Значи тука имаме (ова се моите тренинзи):
– Брзо одење и малку трчање на кеј, 30 минути (Трудниците треба ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се консултираат со доктор! Јас бев во поодмината фаза од бременоста каде немав повеќе ризик од предвремено породување)
– Трчање низ град и градскиот парк со количка и дете се разбира (пожелно е количката да биде соодветна за спортување), 45 минути
– Возење точак од населба Хром до врв на Водно и назад (Kонкретно за Скопје), времетраење релативно, околу 2 часа сигурно (Ова е јак тренинг но некои мајки се спремни да го издржат. Кога е потопло, седиштето на точак и детето со Вас)
– Качување од населба Водно до врв на Водно и трчање надолу, времетраење релативно, приближно околу 2 часа без многу задржување на врв. (И тука можете да го вметнете детето во специјален ранец)

Сите сме еден тим. Сите сме на едно место… karas4training.com… Придружете ни се! Spirit of my own!