Како вежбањето влијае врз имунитетот

Кога во прашање се доведува токму оваа причинско-последична врска резултатите знаат да бидат измешани. Затоа, од исклучителна важност е да се знае колку и кога вежбањето ни го подобрува имунолошкиот статус, кога треба истото да го избегнеме или намалиме и кои вежби се соодветни на различните ситуации. 

Како вежбањето го јакне имунитетот

Голем број на направени студии ја покажуваат поврзаноста на редовното практикување на физичка активност со зајакнување на имуниот систем. Вежбањето се поврзува со зголемена продукција на макрофаги, имунолошки клетки кои се борат со инфекциите, а дополнително се верува дека физичката активност промовира една подобрена и побрза системска циркулација на сите имуни елементи во телото со што човекот се здобива со поефективна телесна одбрана. 

Несомнена е поврзаноста на редовното вежбање со умерен интензитет, неколку пати во неделата и намалениот број на настинки и ослабен имун систем кај оној што е активен. Следењето на овие препораки за редовна консумација на неделната доза физичка активност е докажано дека може да ги преполоват бројките на денови кои се поминати со настинка и болест. 

Сепак, понекогаш претераното вежбање знае да делува негативно по имуниот систем. Долгите и напорни тренинзи и физички активности како маратоните можат да го направат човекот поподложен болест и настинка во периодите што следат па затоа од исклучителна важност е да му дадете соодветен период за опоравување на организмот, инаку истиот има можност да потфрли и да ослаби. 

Исто така внимавајте и слушајте што ви вели телото. Ако во последен период се чувствувате послабо и изнемоштено, можен е пад во вашето здравје па затоа избегнувајте ги овие типови на тренинзи тогаш, односно одберете некоја полесна варијанта, или пак едноставно направете одмор. 

 

Други фактори кои влијаат врз имуниот систем

Ризикот од инфекција и настинка скоро секогаш е праворпопорционален и со дргу странични фактори кои се во можност да ја промовираат оваа состојба. Затоа, пазете се од редовниот стрес што го „јадете“ во текот на денот, хранете се редовно и како што треба, внесувајте витамини и минерали од свежо овошје, чувајте се од настинати луѓе особено во периоди на грипови и настинки, спијте коректно.

Доколку се думате дали треба или воопшто не треба да вежбате со настинка или со состојбата во која што се наоѓа вашето тело, кликнете ТУКА и прочитајте многу кратки совети за тоа како да знаете што понатаму со вежбањето. Дополнително, секогаш консултирајте се со професионално медицинско лице за подетални информации за вашата состојба.

И запомнете, како и се` друго во светот, и имунитетот и вежбањето се во еден совршен природен баланс кои морате да го почитувате. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија