Наслов

Како еден пар чорапи може да те спаси на планина

Ама ај шо ќе ти се најдат за нозете, него и животчето може да ти го спасат, се разбира, ако знаеш да ги употребиш паметно. Ајде одиме во стилот на Беар Грилс... 

Во принцип, секој што оди на планина или било каде во природа и на отворено, независно дали на едно или повеќедневна тура, потребно е во ранецот да има барем еден пар подебели резервни чорапи. Истите секако дека ќе ви се најдат доколку ви се намократ или испотат вашите стапала (а нема нешто позезнато од мокра нога во мокра чевла), но истите може да ви помогнат и во пар други незгодни ситуации. Одиме да погледнеме. 

Резерва чорапи е исто како и резерва ракавици 

Ако во зимски услови носењето на резерва ракавици е задолжително, во останатите сезони најчесто луѓето забораваат на истите, па затоа честопати повеќе сме завршувале со смрзнати раце во лето отколу на зима. Нејсе, во било кои услови, замисли волнен чорап на студена рака, па уште да имаш да ги заштитиш со нешто водоотпорно, раце-спасувачки.

Можеш да филтрираш вода

Ако се наоѓаш во некоја незгодна ситуација каде нема извор на чиста и питка вода, чорапите може да ти послужат како груб филтер на некоја застојана вода. Ако ништо друго барем ќе овозможи да ги отстраниш земјата и поголемите партикли од водата и можеби да си го спасиш животот. 

Импровизирани „дерези” 

Ако ги навлечеш чорапите над твоите чевли, истите имаат можност да го спречат или барем намалат лизгањето на мраз. Не дека е исто како дерезите, но во некои ситуации може да се најде од корист за да превенираат некои посериозни повреди од лизгање на мраз. 

Може да послужат за третирање на отворена рана

Се разбира дека ништо не може да ги замени соодветниот завој и газа за оваа работа, но доколку имате пар чисти чорапи може да ви послужат како импровизација во итни случаеви на третирање на отворена рана.

Трансформирај ги чорапите во оружје

Доколку сте во ситуација да ловите, чорап наполнет со камења може да ви биде некаков вид на импровизирано орудие за ловење. 

Подгответе ги желадите за консумирање

Желадите како јаткасти плодови не се толку познати и широко распространети за консумирање поради нивните високи нивоа на танини од кои горчат, па затоа е потребна нивна подготовка т.е. испирање пред нивната конзумација. Искористет го чорапот, ставете ги исчистените желади во него и поставете ги во некој поток на испирање. За неколку дена ќе имате грст протеински богати јатки кои нема да имате проблем да ги јадете. 

16 Ноември 2016

За авторот