Јога или аеробик?

А, како ви звучи да ги практикувате и двете? Со сигурност нема да ви наштети!

 

Додека аеробните вежби претставуваат златен стандард за одржување на фит здравствена состојба, јогата ги дава истите па дури и повеќе позитивни резултати и бенефиции, но секогаш добивала далеку помалку кредит.

Со декади, вежбите кои го покачуваат пулсот како трчање или возење велосипед се препорачуваат на редовно ниво од страна на докторите и фитнес експертите за одржување на психофизичка благосостојба.

Повеќе енергија, подобро расположение, намалување на срцеви заболувања, слабеење, подобар сон, секс и што ти уште не, и никој тоа не го оспорува во врска со овој тип на вежбање. Но, се покажа дека токму јогата ги дава истите овие бројни позитивни ефекти, па дури и некаде е на завидно ниво подобра од аеробикот.

Преку компаративни анализи на повеќе различни студии се покажа дека покрај ослободување на стресот кое е општо познато, практикувањето на јога допринесува и за далеку повеќе здравствени бенефиции од самите аеробни вежби.

Се покажало дека јогата дава подобри резултати од аеробните вежби во подобрување на балансот, флексибилноста, силата, зголемувањето на енергијата, концентрацијата, подобрување на работната способност, како и во бројни други медицински параметри.

Од друга страна, оваа древна дисциплина делува на психичкиот баланс во една личност со што има потенцијал да не направи дополнително поздрави, смирени и среќни.

Сега останува уште да успееме да направиме комбинација на редовни аеробни вежби и јога во неделниот распоред со што би извлекле максимум за нашето здравје и благосостојба.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија