Наслов

Искуси ја Бистра на коњ

Вистинско уживање додека се јава низ планинска идила близу селото Галичник на коњи кои одлично соработуваат и со почетниците, а притоа се впиваат прекрасните миризби, глетките на пасиштата, трлата со овци, пријатното ветре и се разбира за крај дегустацијата на добро познатото вкусно галичко сирење. 

Организираме рекреативни тури и можам да кажам дека претежно кандидатите од Македонија кои се пријавуваат се несикусни јавачи, па затоа мора да се презентира и изведе обуката како неопходен дел без кој не може да се тргне на било која наша тура.
 
Да бидеме појасни на основната презентација - обука, презентираме и совладуваме 4 основни елементи:
- качување на седло,
- симнување од седло,
- поаѓање напред,
- и застанување.
 
Исто така, презентираме и работиме на нашиот баланс и рамонотежа на средина на седло, како и на осетот за гравитација, движејќи се по планински терен.
 
Ергелата брои 15 балкански планински коњи, но само 11 од нив јавачки. 
 
Во врска со турите, имаме 6 различни дестинации на планина Бистра кои што функционираат од крајот на мај до почетокот на ноември, и 3 различни дестинации на планина Водно во Скопје, кои што функционираат од ноември до мај.
 
На Бистра всушност нашите тури се поделени на две групи и тоа, Планински тури со дегустација на сирење и посета на бачила, и шумски тури со дегустација на сирење и посета на автентични мијачки села. 
 
Во прилогот ја одиме основната планинска тура со дегустација на сирење и таа тура најчесто ја одиме со луѓе кој имаат слабо или никакво јавачко искуство, што значи да повториме и искусни и неискусни јавачи се секогаш добредојдени.
 
Е сега, доколку сакате и вие еден ден да учествувате на нашите тури, тоа би можеле да го изведете многу лесно. Всушност, секогаш работиме со предходна резервација, а сите подетални информации што ве интересираат можете да ги видите во нашиот профил.

Поздрав и повелете.... !!!
 
31 Јули 2013

За авторот