Идејата што може да спаси многу спортски глави

Магнетите се привлекуваат, ама и се одбиваат.

Со оглед на самата игра и нивото на контакт во рагбито како спорт, тој е често поврзан со големи шанси за повреди во пределот на главата, од најразлични побенигни потреси до посериозни удари. Науката во голем дел е свртена во превенцијата токму на ова, а невробиологот Реј Колело има прилично интересна идеја за зголемување на безбедноста на играчите. 

Идејата е да се вградат магнети во кацигите на играчите (ова би било изводливо за американското рагби, бидејќи во британската верзија скоро и да не се носат кациги, барем од ваков тип) кои со нивното одбивање при евентуален удар глава со глава би го смалиле забрзувањето, а со тоа и силата на ударот. 

Калкулациите кои тој ги има направено одат вака

Ако најбрзиот играч во американската лига кој се движи со 32 км/ч добие удар и тој удар трае 12 милисекунди тогаш мозокот на тој играч би претрпел 120 Г (сила). Но, доколку изнајдеме начин да се одолговлечиме времето на удар од 12 на 17 милисекунди, токму тие 5 милисекунди плус би ја намалиле оваа сила на 84 Г – што е под прагот од 100 Г кој е потребен за да настане еден потрес. 

Иако теоретски ова звучи многу ветувачки, други научници велат дека не би било баш лесно да се изведе. Сепак, многу од производителите на заштитната опрема веќе се на работните маси и размислуваат како оваа идеја да се спроведе во практика, но најверојатно ќе се соочат со проблем од аспект на цената на чинење за сето ова. 

Доколку треба да се опремат сите (во претпоставка) 1,1 милиони играчи во средните училишта во САД тоа би чинело некаде околу 33 до 99 милиони долари. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија