Природен лек за синуси во солените соби на Витасол

Наслов

Халотерапија против воспаление на синусите

Кога температурите паѓаат луѓето честопати се жалат на проблеми со синусите, но она што можеби не го знаат е дека има природен метод како халотерапијата со која може да го превенирате нивното воспаление или пак да го смирите веќе постоечкото...

Воспалението на синусите е воспаление на слузницата која ја обложува синусната шуплина. Со оглед на тоа дека синусните шуплини се мали, секој воспалителен процес на тоа ниво пропратен со оток на слузницата доведува до уште поголемо намалување на шуплината. Од друга страна, воспалителниот процес сам по себе е придружен со хиперсекреција од страна на слузницата така што секретот уште повеќе волуменски го намалува просторот во синусот.

Се ова доведува до нивна намалена функционалност и чувство на затнат нос, чувство на притисок и тежина во главата, главоболки или постојано течење – слевање на секрет во грлото.
 
Уште полоша варијанта е кога секретот во синусите е густ и леплив и многу тешко се слева и самодренира, бидејќи тогаш овие тегоби стануваат уште понагласени а таквиот секрет е многу добра подлога за развивање на инфекции.

За време на халотерапијата (терапијата со сол) доаѓа до намалување на отокот на слузницата и разводнување на секретот. Во најголем број случаи, ефектите се видливи уште по првата терапија, добар ефект се очекува околу петтата терапија, а оптимумот е отприлика 10 терапии. Сепак, секогаш можни се и индивидуални разлики.
 
Солта делува противвоспалително, антивирусно, антибактериски и го јакне локалниот имунитет на слузницата.
 
Со халотерпијата употребувате природно лековито средство кое дејствува директно на самото место на проблемот, без употреба на хемиски супстанци. За кратко време се олеснува дишењето, се намалува чувството на притисок во главата и се намалува главоболката.
 
Лекувајќи ги синусите добивате и подобрување на севкупниот имунитет и психофизичка релаксација на целиот организам. Со еден лек, повеќе дејства – која друга супстанца ќе ви го обезбеди истото?
05 Ноември 2013

За авторот