Факти за дебелина и прекумерна тежина

Како и да гледате на вашата телесна тежина, дали престрого, фрустрирано,  уплашено или со незаинтересираност, прочитајте ги податоците подолу кој што дефинитивно ќе ве подзамислат… Сепак, за здравјето се работи!

 

Клучните факти
– Дебелината на светско ниво е дуплирана од 1980 година.
– Во 2008 година, повеќе од 1.4 милијарди возрасни, од 20 години и постари имаат прекумерна тежина. Од овие, преку 200 милиони мажи и близу 300 милиони жени се сметаат за дебели.
– 35% од возрасните (на 20 години и повеќе) имале прекумерна тежина во 2008 година, а од нив 11% биле дебели.
– 65% од светската популација живее во држави каде повеќе луѓе умираат од прекумерна тежина и дебелина отколку од премала телесна тежина.
– Во 2011 година, повеќе од 40 милиони деца под 5 години биле со зголемена телесна тежина.

Но дебелината може да се превенира!

Тогаш како точно може да се пресмета дебелината и прекумерната телесна тежина?
– Прекумерната тежина и дебелината се дефинирани како абнормална или прекумерна акумулација на масти кои можат да го загрозат здравјето.
– Body mass index (BMI) е прост индекс кој обично се користи за да ја класифицира прекумерната тежина и дебелината кај возрасните лица. Се дефинира по телесната тежината измерена во килограми, поделена со квадратот од висина во метри (кг/м2) на било која индивидуа.

Дефиницијата дадена од Светската здравствена организација (WHO) гласи:
– Со BMI кој е поголем или еднаков на 25 се смета како прекумерна тежина.
– Со BMI кој е поголем или еднаков на 30 се смета за дебелина.

BMI го обезбедува најпрактичното и најбрзо мерење на популацијата која има прекумерна тежина или се смета за дебела, еднакво е за двата пола, без разлика на возраста. Меѓутоа, ова мерење треба да се земе како груба пресметка поради тоа што количината на масти кај различни индивидуи со иста тежина, не значи да е иста.

Факти за прекумерна тежина и дебелина
– Прекумерната тежина и дебелината се едни од петте главни причини за зголемена смртност на земјата.
– Од дебелина годишно умираат најмалку 2.8 милиони возрасни лица. Поконкретно, 44% поради дијабетес, 23% од исхемична срцева болест и помеѓу 7% и 41% од канцер.

Според пресметките на Светската здравствена организација од 2008 година може да се заклучи следното:
– Повеќе од 1.4 милијарди возрасни луѓе (од 20 години па нагоре), имаат прекумерна тежина.
– Од овие луѓе, преку 200 милиони мажи, а близу 300 милиони жени биле дебели.
Севкупно, повеќе од 10% од возрасната популација во светот била дебела.
– Во 2011 година, повеќе од 40 милиони деца под 5 години имале прекумерна телесна тежина. Проблем со кој порано се соочувале развиените земјите со висок стандард, додека денес се типични за земјите во развој со мали и средни примања, најмногу во урбаните средини. Повеќе од 30 милиони деца со поголема тежина се од земјите во развој, а останатите 10 милиони се од развиените земји.

– Со прекумерната телесна тежина и дебелината се поврзуваат многу повеќе смртни случаи отколку со малата телесна тежина. На пример, 65% од светската популација живее во земји каде прекумерната тежина и дебелината убиваат повеќе луѓе отколку премалата (тука се вклучени развиените и богати како и посиромашните земји).

Што доведува до зголемена телесна тежина и дебелина?
Основната причина која доведува до зголемување на тежината е енергетскиот дисбаланс помеѓу внесените и потрошените калории. Затоа што на глобално ниво, се соочуваме со:
– зголемен внес на храна која е енергетски напумпана и содржи висок процент на масти;
– значително намалена физичка активност поради променетиот модел на работа (канцелариска наместо физичка), различниот вид на транспорт (со моторни превозни средства наместо пеш или со велосипед), како и зголемената урбанизација.

Промената на моделот за физичка активност и здрава исхрана воглавно е резултат на социолошките промени и околината која го промовира индустрискиот развиток, а ги потиснува секторите кои промовираат здравје, земјоделие, транспорт, урбано планирање, преработка на храна, дистрибуција, маркетинг и едукација.

  

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија