Еволуција на патиките – олимписки корени

Патиките се неизоставен дел од опремата на речиси сите спортисти. Времето во кое живееме и можностите кои истото ни ги нуди, од нас прават потрошувачи со бескрајни опции на избор, вклучувајќи ја во тоа и спортската опрема. Во целиот тој избор од дизајни, модели и брендови, сте се запрашале ли некогаш како настанала денешната спортска патика?

Настанувањето на патиките е тесно поврзано со одржувањето на Олимписките игри во Лондон 1908 година кога компанијата „Спалдинг” произведува посебен модел на обувки (патики) наменети за американскиот маратонски тим. Една година подоцна врз основа на обсервација на маратонското трчање и карактеристиките на олимпискиот модел, истата компанија и официјално ја креира првата линија на патики и тоа за трчање.

Патиките биле изработени со гумен ѓон и лице од мека кожа која била поставена одвнатре за да спречи можни оштетувања на стапалата за време на трката. Во наредните пет години, гумениот ѓон е заменет со кожа а истражувањата продолжуваат но со нерамномерно темпо.

Следниот голем бум во патиките се поврзува со појавата на патики со клинци или денешните спринтерки. Во суштина разликата меѓу обичната патики и спринтерката била многу мала. Моделот на спринтерки кои ги носел Џеси Овенс на Олимписките игри во Минхен, не биле ништо друго туку обична кожна патика со ѓон од тврда кожа на која биле прицврстени клинци. Ваквиот дизајн требало да обезбеди стабилност во свиоците на тогаш меката атлетска патека.


СИГУРНО ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА – СПРИНТЕРКИТЕ НА БАНИСТЕР ПРОДАДЕНИ ЗА МНОГУ, МНОГУ ПАРИ


Во годините што следеле, технолошкиот развој во дизајнот на патики стагнирал и требало да поминат речиси три декади до следното големо поместување. Заинтересирансота за производство на патики оживува повторно во САД во средината на 60те и почетокот на 70те години.

Соочени со увезената опрема од јапонскиот Tiger, американските компании Најк и Њу Баланс во соработка со магазинот Ранерс Ворлд, отпочнуваат серија на тестови и истражување кои како краен епилог го имаат денешниот изглед на патиките. Лице од синтетика, внатрешен ЕVA заштитен слој и повисока потпетица за речиси 5см.

Од тогаш па наваму следи релативно време на стагнација. И покрај малите промени во дизајнот и скромните промени или додавања на материјали (гел, воздушни перничиња), не постои поголемо посметување во дизајнот и изработката на спортските патики. Сепак, поучени од минатото прашање на време е кога ќе настапи следната голема промена.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија