Едноставен, 5 минутен стрес вентил

Доколку чувствувате дека стресот е тој што диктира со вас после работниот ден, превртете се, како што правевме кога бевме мали.

Стресните состојби настануваат со активирање на симпатичкиот нервен систем кој ја превзема целата контрола во свои раце и не ни дозволува да се опуштиме и релаксираме. Проблемот со симпатикусот е тоа што тој лесно се активира и знае да остане „уклучен“ па дури и во моментите кога мислиме дека сме опуштени. 

Со ова тој го кочи активирањето на парасимпатикусот кој диктира одмор и релаксација.

Viparita Karani или „нозете на ѕидот“ е јога поза која е силен стимулатор на парасимпатичкиот систем. Сè што ви треба е ѕид и подлога (под или кревет) и пет минути од вашето време.

Наместете се во положбата, испружете ги нозете на ѕидот, раширете ги рацете и најдете ја најудобната положба која ви одговара. Опуштете ја мускулатурата и започнете длабоко да дишете. 

5 минути се доволни за да го релаксирате вашето тело.