Дали трошите повеќе калории на ладно?

Дали тренингот во зима, на ниски температури доведува до поголема потрошувачка на калории? Ако некогаш сте си го поставиле ова прашање, еве го одговорот…

На крајот од добриот ски ден сигурно си помислувате дека заслужувате еден огромен куп палачинки, со неколку топки сладолед, чоколаден прелив, шлаг и цреша. Зимските спортови го имаат тој ефект дека сте ги потрошиле сите залихи во телото. Но дали тоа навистина е така?

Одговорот е дека ќе потрошите повеќе калории за време на зимскиот тренинг само во многу специфично сценарио, вели Боб Сибохар, нутриционист, тренер и физиолог.

Потрошувачката на енергија ќе се зголеми само доколку е доволно ладно за да почнете да се тресете како одговор на ниската температура т.е. само ако температурата на телото падне под 36,5 степени целзиусови, што тешко се случува за време на активност.


Сигурно ќе ве интересира – ИМА ЛИ РАЗЛИКА ХИДРИРАЊЕТО ВО ЗИМА?


Ако сте облечени соодветно како за зимски улови, веројатно нема да почнете да се тресете и нема да потрошите некоја дополнителна калорија.  

Сепак, добро е да се знае дека ако дојде до тресење на телото на студ започнува дуплирање, па и триплирање на потрошувачката на енергија, а со тоа и калории. Најголемото дел од таа енергија 70-80% доаѓа од гликогенот во мускулите.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија