Дали ни требаат апчиња кои ќе го заменат вежбањето?

Иако науката се уште нема соодветна хемиска мешавина (ама активно работи на случајот) која би била кандидат за целосно заменување на позитивните ефекти од вежбањето, се поставува прашање дали на човештвото воопшто му треба нешто вакво? 

Колку да звучи чудно но научниците веќе неколку декади се во разноразни обиди за пронаоѓање на некаков коктел од хемикалии кои внесен на редовно ниво ќе ги даде истите оние ефекти врз организмот на човекот што ги дава и редовното практикување на спорт и рекреација. 

Значи тие константно се во потрага на апче кое ќе ги има истите досега докажани повеќе од 1000 биолошки и физиолошки реакции кои ги покренува вежбањето. Од искористувањето (топењето) на мастите од организмот, подобрување на циркулацијата и обновувањето на митохондриите (клеточни органели кои го вршат клеточното „дишење”) како и обновување на самите клетки и низа на други ефекти кои се поволни по нашето здравје итн.


СИГУРНО ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА – ИДНИНАТА НА СЛАБЕЕЊЕТО


Но доколку моментално веќе имаме решение за голем дел од факторите кои предизвикуваат опаѓање на состојбата со нашето здравје (вежбањето и внимавањето на исхраната) тогаш зошто тие се обидуваат да измислат апче кое ќе ги замени сите овие ефекти?

Еден од водечките експерти на оваа тема, професор Исмаил Лахер вели дека засега а и во блиската иднина реално не постои можност да се замени рутинското вежбање со некакво си апче, но со пронаоѓање на такво нешто кое ќе ги емитира дел од овие ефекти тоа би било „џек-пот” за одредена група на луѓе кои не се во можност да вежбаат.

Голем дел од популацијата се и на некој начин мрзеливи па дури и по доживеани епизоди на влошување на општото здравје (срцеви и мозочни удари и операции) студиите покажуваат дека слаб процент од нив се одлучуваат за корегирање на нивниот животен стил. Тука се разните изговори како хроничните болести и состојби кои ги спречуваат да вежбаат, некои велат дека немаат време, но постои и група на луѓе кои навистина не се во можност да вежбааат, па ова би било најблиското решение.

Истражувањата се во тек и науката веќе има комбинации за голем дел од ефектите што ги дава вежбањето, но се уште ја нема правата комбинација за сите овие ефекти одеднаш, па затоа ние најубаво е да си се држиме до она што е испитано, а да го оставиме тоа што иднината ќе го донесе. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија