Наслов

Дали насочената редукција на масти е мит?

Насочена редукција се однесува на идејата дека мастите можат да бидат намалени во одредена област од телото со користење на одредени вежби. Тоа е идеја која ги тера луѓето да прават многу чудни нешта.

Ќе забележите момци кои вршат десетици вежби за да ги намалат нивните гради. Се чини дека многу жени се подготвени да потрошат бесконечен број на часови на справите за затегнување на бутовите и колковите.

Првото нешто што треба да се истакне е дека насочената редукција е реална појава во смисла дека е сосема нормално побрзо да се изгубат мастите од одредени делови од телото отколку од другите.

Сепак, ова се должи главно на еден куп фактори кои се надвор од ваша контрола, како што е соодносот на бета и алфа рецепторите на масните клетки во различни делови од вашето тело, липопротеин липаза активноста, како и локалниот проток на крв.

Значи, ако сакате да ги согорите масните наслаги на стомакот, вежбите како што се стомачните склекови и слични други, нема да направат никаква разлика. Овие вежби се за мускулите кои се наоѓаат под стомачните масни наслаги, но не и за самите масни наслаги.

Имаше една студија направена пред неколку години кога сите беа возбудени поради можноста дека насоченото редуцирање на наслагите навистина делува, а самите редуктори тврдеа дека цело време биле во право.

Дански истражувачи вршеа испитување врз група од 10 студенти кои ја вежбаа едната нога со мала тежина за време од 30 минути. Тие ја мереа количината на крв која тече низ поткожните масни клетки на бедрото и количината на масти која беше ослободена (липолиза) од истите тие клетки.

И липолизата и протокот на крв во поткожното масно ткиво се зголемија во ногата која се вежбаше. Ова укажува дека за време на тренингот ќе се ослободат масти првенствено од масните клетки во областа која се вежба.

Како се случува тоа?

Во текот на вежбањето, мускулите кои ги вежбате стануваат потопли. Ова ја покачува температура на мастите до нив. Како резултат на тоа има зголемување на протокот на крв низ тие масти. Ова, за возврат ја зголемува испораката на циркулирачките хормони (кои ја стимулираат липолизата) на масните клетки до мускулите кои работат.

Сепак, зголемувањето на липолизата беше исклучително минимално, дури и целосно незначително.

Врз основа на промените во протокот на крв и липолизата, истражувачите проценуваат дека во 30 минутно вежбање, дополнителни 0,6-2,1 милиграми на 100 грама на масно ткиво во непосредна близина на мускулите кои вежбаат беа намалени.

Да го ставиме тој број во контекст, 1000 милиграми е еднаков на еден грам масти , кои за возврат даваат околу 9 калории. Па вишок 2 милиграми е сосема мал износ и навистина нема практично значење за повеќето луѓе.

Па дури и тогаш, не знам дали ова ќе доведе до насочено намалување со текот на времето. Кога се зборува за резултати истражувачите истакнуваат:

  • „Врз основа на досегашните резултати не може да се предвиди дали одредени вежби може да предизвикаат насочена редукција, бидејќи триацилглицеролните резерви може целосно да се обноват или дури да се зголемат помеѓу вежбањата.“

Тренинг на одреден мускул често доведува до насочена редукција. Сепак, она што изгледа како намалување на дебелината на поткожното масно ткиво не е ништо повеќе од зголемување на големината на самиот мускул. Ова води кон компресија на екстрацелуларниот простор помеѓу масните клетки, создавајќи илузија на насочена редукција.

Вкупниот износ на поткожното масно ткиво останува ист. Тоа само ќе зазема помалку простор, бидејќи мускулите под него се поголеми. Ова резултира со визуелно намалување на поткожните маснотии, но не и кога се мери со МРИ (магнетна резонанца).

Исто така, постојат неколку истражувања кои покажуваат дека различни соединенија, особено аминофилин, можат селективно да ја намалат големината на бутот и половината кога се применуваат како креми.

Но, јас сум скептичен дека соединенијата во овие креми стигаат до масните клетки во областа каде се нанесуваат.

Кожата содржи голем број на крвни садови, а повеќето од состојките кои се наоѓаат во овие креми го наоѓаат својот пат до крвта долго пред да бидат во близина на масните клетки.

Аминофилин , слично како кофеин, има диуретично својство, што значи дека ја стимулира загубата на вода . Тоа се однесува на загубата во студиите што ги спомнав.

Покрај тоа, британскиот истражувачки тим откри дека аминофилинскиот крем немаше никаков ефект врз длабочината на мастите на бутот кога се применуваше двапати дневно во период од 12 недели.

Наместо да ве ослободи од мастите, многу поверојатно е дека аминофилинот ќе предизвика сушење на кожата и намалување на големината на целната област преку елиминирање на вишокот на вода.

Потрошив голем дел од парите на неколку од овие креми во 2005 година и 2008 година и не можам да кажам дека забележав нешто друго освен една голема дамка на мојата маица која не излегува без разлика колку пати ја ставив во машина за перење.

Ако сакате да се ослободиte од мастите во било кој дел од вашето тело-градите, стомакот, нозете или рацете, сè што треба да направите е да ги следите неколкуте едноставни чекори кои ви ги наведов во "КАКО НАЈБРЗО ДА ГИ ИЗГУБИТЕ СТОМАЧНИТЕ МАСНИ НАСЛАГИ?".

22 Јануари 2014

За авторот