Да или не за вежбањето на загаден воздух?

Во време кога смогот, издувните гасови и сите непријателски настроени честички и „зачини“ во воздухот ги достигнуваат најголемите пикови, безбедно ли е да се вежба и дали избегнувањето на физичката активност е подобрата алтернатива?

Факт: Дури и пасивното дишење на загадениот воздух, да не зборуваме за вежбањето во ваква средина, има потенцијал сериозно да го наруши вашето здравје. Иако кардио вежбите се столбот на здравиот лајфстајл, загадениот воздух и физичката активност не се баш пријателска комбинација.

Проблемот лежи во тоа што за време на ваквите вежби се вдишува повеќе воздух кој многу често (поради поголемиот волумен) оди преку устата, односно се прави прескокнување на носните ходници кои се главните „филтри“ за големите и загадени партикли. Ова, доведува до особено влошување на состојбата на оние луѓе кои веќе имаат проблеми со здравјето пр. белите дробови и срцето, така што оваа група на луѓе не треба ни да помисли за вежбање на отворено во периодите кога воздухот е премногу загаден.

Но, дали ова значи дека треба целосно да се откажеме од вежбањето за време на загадените денови, месеци или години, како и да е? Дали ја заборавате моќта на физичката активност?


Нешто повеќе за „Моќта на секојдневната физичка активност“


Во последно време, погледот сè повеќе се врти околу екстремно позитивните ефекти од вежбањето врз здравјето, па некои студии дури и посочуваат дека тоа не смее да се запостави дури и во ваквите „црни“ период бидејќи истото има потенцијал да ги поттисне сите овие негативни ефекти.

Имено, поновите експерименти правени на заморчиња покажуваат дека оние кои биле изложувани на издувни гасови а притоа немале никаква физичка активност имале драматични пикови во инфламацијата и оксидативниот стрес на белите дробови, а за разлика од нив, оние кои вежбале подолг период во вакви услови биле комплетно заштитени од загадувањето.

Она на што се алудира е позитивниот ефект од физичката активност, но сумирана на подолг временски период кој има можност да ги поттисне ваквите негативни ефекти на загадувањето, каде што бенефитот од вежбањето ги надминува ризиците од загаденоста.

Истото било докажано и на една мала студија правена на луѓе, каде поинтензивната вежба (возење велосипед-60% од VO2max) во загадени простории ги штитела испитаниците, за разлика од оние кои поумерено вежбале, колку и да звучи контрадикторно.

На крајот на краиштата, изборот е ваш, а во него секогаш влегуваат многу варијабли на кои треба да внимавате. Секако дека најдобрата опција е вежбање на чист и свеж воздух.

Дополнително, добро еда се информирате за квалитетот на воздухот во одредени региони во државава ТУКА, како и за Скопје кое во последно време се` повеќе се поврзува со ваквите теми.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија