Четири телесни позиции за позитивен ум

Мозокот во голема мера го контролира телото, но не заборавајте дека и вашата става и позиција на телото силно влијае врз вашиот ум. Употребете ја вашата става за да си креирате позитивни и смирени мисли.

Науката веќе некое време е навлезена во проблематиката на тоа како умот ги интерпретира сигналите кои доаѓаат од остатокот од телото, па еве неколку начини на кои што можете да го искористите телото како би го подобриле вашиот ментален склоп.

Оптегнете една насмевка на лице, па макар и на сила

Смеењето без некоја посебна причина може да го измами мозокот и индиректно да не направи посреќни и олабави од стресот. Уште во 1988 во еден експеримент каде што учесниците држеле пенкало во нивните усти (ова стимулирало гримаси на смеење) било докажано дека овие испитаници оцениле некои цртани како посмешни од оние кои не биле натерани на смеење.

 

Раширете ги рацете да се осетите моќни

Одредени пози на телото предизвикуваат некое чувство на сила и моќ. Држењето на рацете широко отворени дава чувство на пороширување на личниот простор кој што го завземаме, а некои научници сметаат дека ова може да влијае врз нивоата на хормоните во телото.

Во една студија испитаниците кои ја држеле оваа поза неколку минути имале поголеми шанси да ризикуваат во коцкањето што било последователно направено од оние кои не ја држеле оваа става.

 

 

Дремнете за поостар ум

Веќе на долго и широко се докажани позитивните ефекти од краткотрајните дремки (до половина час) врз менталната ситуација во нашите мозоци. Докажано е дека дремката има ефект до некаде сличен на едно цело ноќно цврсто спиење.

 

 

Лотус за да не ви одат по живци

Медитацијата сама по себе е комплексна работа и за да почнете да влегувате во тие пространства потребно е сериозно да се бавите со јога и тоа кај сериозен учител. Но, и со самото поставување на телото во позата лотус (или барем приближно со само скрстени нозе) и со фокусирање на дишењето вие започнувате смирувачки да делувате врз вашиот ум.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија