Шилец на петата – Calcar calcanei

Болната пета е еден од најчестите проблеми кои ги мачи маратонците но и сите други кои се подолго време во стоечка позицијa, обезните луѓе со намалена физичка активност и можат да бидат во комбинација со деформација на  стопалото, спуштено стопало, валгус или варус стопало и груба ахилова тетива и тн.

Имајки предвид дека стопалото мора да поднесе големи напрегања во текот на животот не е ни чудно што петата како една од главните упорни точки реагира со силно изразени болки. Појавата на болките се смета за синдром за пренапрегање на стопалото бидејки првенствено се појавува како насобирање на микрооштетувања од долгорочни преоптеретувања на стопалото и петата. Плантарната фасција дејствува како еден лигамент кој поминува по должината на целото стопало а еден од припоите е на петната коска каде што и се појавува болката.

Болките можат да бидат акутни или хронични, во акутната фаза тие се интензивни неиздржливи болки, а кај хроничните болки интензитетот се зголемува постепено и болката е тапа и може да трае во текот на целиот ден. Често поради несоодветен и ненавремено започнат третман состојбата се влошува и можна е појава на калцификати односно се губи мекоста поради нарушена периферна циркулација на припојот на плантарната фасција на петната коска и се појавува воспалителен процес и болка.

Физиотерапијата е насочена кон намалување на болката и воспалитениот процес во акутната фаза, а потоа може да се оди кон истегнување на мускулите на стопалото и зајакнување на мускулите на потколеницата поради дефицит во снагата во однос на другите мускули од таа регија. Првенствено овде се мисли на зајакнување на перонеалната мускулатура.

Истотака, третманот треба да биде комплексен и да се користат и други физиотерапевтски средства како на пример ултразвук, криотерапија, масажа терапија со ударни бранови (Shock wave therapy) кинезиотејпинг и тн. Но пред се важно е да се отстранат и факторите кои можеби довеле до појавата на болката, редукција на прекумерната телесна тежина, нефелксибилноста на мускулите на стопалото и потколеницата, деформациите на стопалото, неквалитените обувки итн.

Лекување:

• Одмор
• Криотерапија 2х15 мин со 10 мин пауза
• Апликација на ибупрофен гел
• Функционална Магнетна Стимулација (FMS)
• Ултразвучна физикална терапија
• Интерферентни струии
• Shock wave therapy
• Кинезиотејпинг
• масажа
• Стероидни локални инјекции (кај многу силни болки)
• Вежби за зајакнување на долни екстремитети

  

Во поголемиот случај лекувањето е конзервативно , а хируршки третман се препорачува само ако симптомите продолжуваат повеќе од шест месеци .