Бетонирани придобивки од силовиот тренинг
Доколку вашата тренинг рутина најчесто се состои од џогирање или возење велосипед, сигурно сте се запрашале дали е потребно да додадете по некој силов тренинг. За многумина тоа не е избор, но пред да пресудите прочитајте ги придобивките од ваквата активност.
Мажите и жените го достигнуваат својот силов максимум помеѓу 20и 25-та година од животот. После овие години силата генерално се намалува по 1 % на година па така на 65 годишна возраст би имале 60 % од силовите можности кога сте биле на 25 години. Само оние кој системтски се активни и тренираат со надворешен отпор или тегови може да сметаат на успорување на оваа тенденција на намалување на мускулната сила.
Eве неколку здравствени и фитнес придобивки од тренингот со тегови (силов тренинг)
- Зголемување на коскената маса / превенција од остеопороза
- Намалување на ризикот за повреди
- Зголемување на мускулната маса
- Зголемување на метаболизмот
- Зголемено искористување на глукозата
- Подобрување на перисталтиката на цревата
- Подобрување на нивоата на добриот холестерол
- Намалување на крвниот притисок во мирување
- Намалување на остеоартритичните промени и ревматските болки
- Намалување на депресијата
- Подобрување на нервно мускулната ефикасност
- Подобар надворешен изглед
- Поголема самодовреба
- Зголемувањње на чиста мускулна маса
- Намалување на масното ткиво
- Подобра контрола на стресот
Ова се само некој од придобивките на силовиот тренинг доколку тој е правилно дозирани и е комбиниран со кардио тренинг.