Наслов

Балансирани тело и ум за јак имунолошки систем

Суштинската дефиниција е како да се одбраниме од противникот, а не како да го убиеме!

Во ерава на некритична употреба на антибиотиците како борци против бактериските инфекции, неминовен заклучок е дека антибиотиците кога се употребуваат подолго време даваат повеќе штета од корист. Едноставно се развиваат нови врсти на бактерии отпорни на дотичната антибиотика. Цената која ја плаќа организмот е голема.

Фактот дека се појавуваат нови и нови инфективни агенси неминовно доведува до прашањето, како да се зголеми потенцијалот на заштитата - зајакнување на имунитетот.

Имунолошкиот систем е насложениот и најчудниот човеков систем. Способноста за кусо време да створиме милионска бројка на антитела спремни да се борат со милијарди натрапници-антигени го прават овој систем посебен. Овој систем ствара бројна армија од белата крвна лоза со строго наменски квалификации. Целта е како да го обезбедиме овој систем да биде секогаш во балансирана форма за да ја извршува својата заштитна задача - ДА НÈ ЗАШТИТИ ОД ОНОЈ КОЈ НЕ НАПАЃА.

Уредна психофизичка форма е поврзана со редовна и здрава исхрана како услов за добар имун одговор на секој агенс. Секоја состојба на било каков телесен дисбаланс прави потиснување на имунолошкиот систем.

Било каква стресна состојба, физичка или психичка, се услов надбубрежната жлезда да лачи стероидни хормони кои пак го потиснуваат имунолошкиот систем. Ова се основните факти за да ја зготвите приказната за потребата од јак имунолошки систем.

Науката одамна заклучила дека освен здравата и редовна храна богата пред се со витамини, минерали, протеини и јагленихидрати потребно е и редовно физичка активност. Умерените добро дозирани спортски активности како и сите релаксациони техники покажуваат мерливи ефекти врз ослободувањето од стресот и анксиозноста, а со тоа директно го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Веќе нема ништо револуционерно во медитацијата и други слични пасивни немоторички активности како сигурен позитивен суплемент на секој имунолошки систем. Конвенционалната медицинска филозофија веќе одамна ги здоми сите техники за релаксација за подобрување на општиот телесен статус.

Науката исто така докажа дека древната кинеска вештина Таи Чи го зголемува бројот на Т-клетките (врста на имунолошки клетки) за 40%.

Добро избалансиран имунолошки систем зависи од добар психофизички живот!

15 Мај 2013

За авторот