Наслов

Натурално интервју со Натусана - здрава навика

Како и да ја гледаш, како и да ја вртиш, нашава работа секогаш се мотка околу спортот, рекреацијата, здравите навики на активните и позитивни луѓе. Бидејќи сетилата за таквата популација ни се кристални, детектиравме една дузина фраери и фраерки кои себеси се нарекуваат Натусана. Бидејќи платформава е почва за такво семе решивме да посадиме...Натура е Култура, а природните разговори се задолжителни.

 

Натусана, ве гледаме вака, си сакате спорт, нели?

Си сакаме! И тоа гледано од повеќе аспекти. Како компанија, преку нашиот бренд за спортисти Алгасан, со години поддржуваме многу спортски настани, меѓу кои Скопскиот маратон, Прв до врв, Мариово Off-road, првенство во кајак на Матка, повеќе планинарски и велосипедски тури, а постојан партнер сме на Трчаме заедно и Скопско ноќно трчање. Велосипедизам, трчање, планинарење, кајак, но и сите други спортови се составен дел од нашето секојдневие. Дополнително, поголемиот дел од тимот на Натусана се луѓе кои водат активен живот и редовно спортуваат. Здравите навики освен што се дел од нашата работа, очигледно ни се и „во крвта".

Алгасан на Мариово Off-Road Experience 2014 

Ајде неколку збора за Натусана, малку повеќе да ве запознае публиката.

Натусана Македонија е компанија која работи на македонскиот пазар веќе 11 години. Претставници сме на познатиот германски бренд Dr. Theiss (Д-р Тајс), најпознат по производите на база на внимателно одбрани природни состојки и растителни екстракти кои се произведени по традиционални рецептури, а со строги германски стандарди. Покрај ОТЦ лековите на база на природни состојки кои спаѓаат под брендот Д-р Тајс, компанијата произведува и препарати за лице и телосо кои ги негуваме дамите  (Долива) (Калинка), препарати за масажа на телото и нега на стапалата на база на планински бор (Алгасан), а под капата на Д-р Тајс спаѓа и палетата на пасти и четки за заби и други производи за орална хигиена (Лакалут). Ова малку маркетингшки го изнаредивме ама нема да ни замерат читателите, нели?

Што Ви е планот генерално со фит предизвикот, да го направите во традиционален концепт или нешто друго имате во план?

Во целиот овој проект влеговме многу ентузијастички и не можевме да предвидиме што и како ќе се случува и колку ќе биде успешно. Едноставно, одамна сакавме да правиме вакво нешто, поразговаравме со Елена Бубало која беше расположена за предизвикот, и влеговме во него без размислување, со многу оптимизам. И не погрешивме! Проектот излезе баш онака како што очекувавме (а и повеќе од тоа), па идејата е да го повториме и следната година. Секако, ќе се обидеме да го направиме уште подобар. Ќе собереме впечатоци, ќе внесеме нови работи, ќе се подобруваме.

Алгасан на Скопски маратон 2014

Кои се очекувањата од овој предизвик? Колку тима се пријавени, и како го оценувате ентузијазмот на учесниците.. дојдоа наострени?

Очекувањата се, секако, да имаме задоволни натпреварувачи кои ќе сакаат повторно да го прават ова. И кои ќе охрабрат и други можеби посрамежливи натпреварувачи и тимови да се вклучат во приказната следната година. Да им пренесат дел од атмосферата и натпреварувачкиот дух. Во предизвикот се пријавени вкупно 15 тимови, што е некоја оптимална бројка. А дали дојдоа наострени, дојдете на некој од натпреварите, па ќе ви стане јасно (ха ха ха). 

Алгасан Прв до Врв пролет 2015  

Го препознаваат ли нашите граѓани она што го правите и она што се обидувате да го покажете на поинаков начин, не само во овој проект туку и во сите останати.

Апсолутно. Особено, затоа што нашата компанија не е некоја огромна компанија со големи маркетинг буџети. Ние го немаме луксузот на правење скапи рекламни кампањи со „креативни" пораки што всушност ништо не кажуваат. Ниту пак имаме потреба да смислуваме „приказни" за неверојатниот квалитет на нашите производи и да ги пласираме по медиумите, затоа што квалитетот на нашите производи го препознава секој кој на било кој начин ќе дојде до нив и ќе ги проба. Нашите купувачи се верни. Тие не само што редовно ги купуваат нашите производи, туку и ги препорачуваат на пријателите.

Затоа се одлучивме целата наша маркетинг стратегија да биде искрена и да ги приближи производите до оние кои не нè познаваат, а кои откако ќе нè запознаат и ќе ги пробаат нашите производи, стануваат дел од нашето мало семејство. Ова беше од почетокот приказната за Алгасан. Присутни сме на спортските настани и им овозможуваме на спортистите веднаш да го почувствуваат ефектот од Алгасан и да се уверат во квалитетот на производот. Воедно, им посочуваме дека за разлика од другите препарати од овој тип, Алгасан е сосем природен и не е штетен доколку се користи често. Така полека но сигурно креиравме мало Алгасан семејство, а тоа го правиме и со другите наши брендови.

19 Мај 2015

За авторот