Ако веќе вежбаш, напни се!

Убаво е тоа што сте се одлучиле физички да се активирате преку било кој спорт, но не оставајте редовните тренинзите да ви поминат со едно ниско и млако темпо туку активирајте се максимално за да видите максимални резултати.

 

Веќе подолго време на кантар се ставаат позитивните ефекти од различните интензитети на некоја физичка активност, но во последно време вагата сè повеќе паѓа на високо интензивните и понапорни сесии за кои се смета дека даваат поголеми здравствени ефекти врз огранизмот.

Неспорно е дека секое физичко активирање на било каков начин и интензитет делува позитивно врз нашето тело и е далеку подобро од инактивнот животен стил, но во последните испитувања, иако прелиминарно правени на заморчиња, се докажа дека за да извлечеме максимум од нашето вежбање, потребно е максимално да се активираме и измориме.

Како главна улога во испитувањето заземаа катехоламините, односно хормоните адреналин и норадреналин кои се лачат кога телото е во одредени стресни ситуации меѓукои и напорните физички активности. Досега се мислеше дека влијанието на овие хормони е само привремено (додека трае стресот), но сега фокусот беше свртен на нивното пролонгирано (прикриено) дејствие врз одреден CRTC2 протеин кој пак има влијание врз искористувањето на шеќерите и мастите во телото.

Како заклучок се испостави дека адреналинот индиректно преку овој протеин влијае врз подобрување на фитнес нивото, во создавање на посилни мускули и во топење на повеќе масти.

Дополнително, научниците посочија на важноста да се прави смена во тренинг рутините бидејќи симпатичниот нервен систем се навикнува на нешто веќе подолго време изведувано и престанува да лачи адреналин и покрај поголемиот напор со кој се изведува вежбата.

Концептот “no pain, no gain” сега веќе има некоја поголема смисла зад себе, а сите ни би било пожелно што почесто да излегуваме од сопствената зона на комфорт.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија