Ако трчаш, трчај правилно

Не е битно како си облечен или дотеран за џогинг, не е битно каков модел на патики имаш (1960 година на летните олимписки игри во Рим, Абабе Бикила трчал бос на маратонот и победил) и не е битно дали те бркаат или бегаш или си на темпо, најбитно е правилно да трчаш.

Правилниот начин на трчање ќе ни овозможи ефикасност, брзина и се помалку непотребни и неприродни движења и притисоци на телото.

Еве неколку совети, ако ништо барем да се провериме.

вашиот поглед треба да биде фокусиран на 3-6 метри пред вас,пред се заради правилниот став на вратот а на крај и за нормална визуелна заштита од опасни нешта не дај боже ендеци.

трчајте секогаш со средната третина на стопалото со движење кон напред. Трчањето на прсти е неефикасно со последователен замор на подколените листови, а доскокот на пета со правец кон прстите е неефикасен и неприроден механизам.

држете ги рацете свиткани во лактовите за 90 степени. Синхроното движење на дорниот дел на телото со рамената кординација го подобрува трчањето и одржува рамнотежа. Всушност рацете им даваат темпо на нозете и тие се одговорни за леснотијата во трчањето со лесен доскок.

движењата треба да се во рамениците напред назад, а не во лактовите.

лесниот испрсен став ви овозможи оптимален белодробен капацитет. Бидете исправени но со цело тело лесно наведнати малку кон напред-тежиштето треба да паѓа на предниот дел на стопалото.

вашите шепи треба да видат лесно свиткани (како да држите јајце без да го скршите). Со ова избегнувате непотребни затегања на рамениците и вратот.

непотребните поскокнувања се сигурна причина за брз замор.

правилен начин на дишење во склад со вашето темпо е основната лекција. Најдобар шаблон е 2 : 2 или на секои два чекори вдишување а во наредните два издишување.

Трчајте со лесни чекори, нити круто нити опуштено и уживајте секогаш со позитивна мисла!

А горенаведеното графички објаснето би изгледало вака…