Адреналинска „зависност“ – контрафобија

Дали екстремните спортови се храброст, лудост или желба да се победи стравот?! Зошто некои луѓе чувствуваат потреба за екстремни спортови и возбудувања?

Ернест Хемингвеј во 1950 година напишал дека постојат само три вистински спортови: борба со бикови, мото трки и алпинизам, а сите останати спортови се игра. Оттогаш екстремните спортови се одделени и се квалифицирани како спортска активност каде постои поголема доза на опасност. Листата на екстремните спортови е огромна но прашањето за психофизиолошкиот профил на екстремните спортисти е единствен – ЖЕЛБАТА ДА СЕ ПОБЕДИ СТРАВОТ.

Сите кои се бават со екстремни спортови функционираат по принципите на предизвик. Tие нормално се свесни и се плашат од евентуалните последици, но прифаќањето на предизвикот е начинот на кои тие всушност се борат против стравот. Затоа, нивниот страв се доживува како адреналинско возбудување или АДРЕНАЛИНСКА ЗАВИСНОСТ.

Ваквото однесување, кога некоj мора да прави некои дејствија од кои се плаши за да си докаже дека не се плаши се викаа КОНТРАФОБИЈА (спротивно од многуте фобии каде што човеко бега од тоа што се плаши). Контрафобичарите обично бараат состојби за да се справат со некоја внатрешна анкциозност. Тие обожаваат екстремни спортови, секогаш се активни во секој поглед и се мераклии на секакви возбудувања. Најчесто се со висока IQ, емоционално стабилни, самоуверени и независни.

Нема генетска предиспозиција за КОНТРАФОБИЈА, нема генетика во желбата за екстремни спортови, ИМА САМО ЖЕЛБА ЗА ПОБЕДА НА СТРАВОТ.

Екстремните спортисти доживуваат интензивен и продолжен стрес, стрес кој им е силна алатка против стравот а задоволството го доживуваат нормално после активноста.

АДРЕНАЛИНСКАТА „ЗАВИСНОСТ” не е болест и не е зависност. Адреналинот и нормално кај сите нас се лачи од надбубрежните жлезди. Тој е страотен телесен суплемент кои прави неверојатна мобилизација на сите органи и системи со цел за оптимална функционалност на телото во стресот. Целокупната мобилност за време на екстремниот спортски стрес со нормализација после активноста е победа на стравот.

Покаченото ниво на адреналин се препознава по единствени карактеристични телесни знаци кои силно ја откриваат оваа мобилна состојба

  • бледа кожа – бидејќи крвта се редистрибуира од помалку важни органи кон животно важни како кардиоваскуларниот, респираторниот и централниот нервен систем.
  • респираторниот систем работи забрзано па затоа има дилатација на дишните патишта (бронходилатација) за да се обезбеди максимална количина на оксигенација на крвта.
  • срцевата работа е забрзана (тахикардија), нормално да се истурка свежа крв во потребните системи.
  • појачано потење за полесна елиминација на топлината за да не се прегрееме
  • дигестивниот систем е во релаксирана состојба а сите сфинктери се контрахирани (стеснети)
  • ШИРОКИ ЗЕНИЦИ, секогаш сигнал кој открива страв и стрес
  • комплетна психофизичка мобилизација

Можеби Хемингвеј намерно или несакајќи направил провокација за посебна категоризација на сите што се бават со екстремни спортови или состојби кои се соочуваат со ситуации кои предизвикуваат страв со цел да се победи стравот.

Во секој случај КОНТРАФОБИЈАТА ОБЕЗБЕДУВА КУЛТУРНО ПРИФАТЛИВ МЕХАНИЗАМ ЗА БОРБА ПРОТИВ СТРАВОТ, А СИТЕ ШТО СЕ БАВАТ СО ЕКСТРЕМНИТЕ СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ЗАСЛУЖУВААТ СЕКАКВА ПОЧИТ.