3 минутен степ тест

Редовното мерење на вашата физичка кондиција е еден од начините како правилно да се дозирате и да го следите вашиот прогрес.

Многупати нема да имате можност да направите детална анализа со скапи тестови за вашиот телесен состав, издржливост , флексибилност или сила. Но затоа постојат практични начини кој ќе бидат доволен репер за тоа како вашето тело реагира на напор и дали е доволно фит.

3 минутниот степ тест е токму таков, дизајниран да биде практичен и употреблив за широка популација. Овој тест го мери нивото на (аеробната) кардиоваскуларна издржливост со помош на показатели како пулсот.

Потребна опрема: Стоперка, пријател кој ќе ви помага околу броењето, клупа или скала  со висина од 30 сантиметри, или било каква стабилна подлога која е подигната на таа висина, метроном (направа за одржување на темпо). Овој веб метроном е доволно практичен и можете да го употребите доколку немате таква апликација на вашиот смартфон. 

Цел: Качувајте се и симнувајте од клупата за време од 3 минути и за целото тоа време држете константен ритам и на крајот измерете колку е вашиот пулс за време од 1 минута по престанокот на активните 3 минути, за да видите како се опоравува вашето тело.

Изведба:  Клупата треба да биде 30 сантиметри, Наместете го метрономот на 96 удари во минута и следете го ритамот. Застанете пред клупата, и кога ќе бидете подготвени вклучете ја стоперката и почнете да се качувате. Проследете го секој удар на метрономот со чекор (горе горе, доле доле). Откако трите минути ќе изминат, седнете на клупата и ставете го прстот на вратната артерија, бројте ги ударите за време од една минута, резултатот споредете го со доле прикажаните табели според вашата возраст и ќе видите во која група припаѓате.  

Овој тест го мери вашето ниво на физичка подготвеност базирано на тоа колку брзо вашиот пулс се враќа во нормала откако ќе изведете некаква вежба. Колку што сте кондициски поспремни толку побрзо пулсот ќе се врати во нормала. 

  • Табела за мажи по возраст

  • Табела за жени по возраст

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија