Подобра шанса за полесна бременост

Зошто вежбањето е добро за бременоста

Ако по било кој основ, физичката активност во доба на бременостa ја сметате за помалку опасна и рискантна работа и решавате удобно да бидете мрзелива трудница, прочитајте што велат современите научни истражувања на оваа тематика.

Време е да ги промените вашите ставови кон оваа тематика бидејќи застарените размислувања околу негативните ефекти на вежбањето во текот на бременоста се навистина застарени. Спротивно на ова, огромен број на нови истражувања цврсто докажуваат дека умерените форми на физичка активност се позитивни како за мајката така и за детето. 

Во минатото се сметало дека вежбањето во било каква форма може да доведе до предвремено раѓање на плодот поради зголеменото лачење на хормонот норадреналин – еден од хормоните кои предизвикуваат контракции на матката во текот на бременоста. Сепак, овие размислувања започнуваат да се менуваат во подоцнежните години кога докторите започнуваат да препорачуваат лесни вежби на трудниците. 

Како едни од позитивните ефекти од вежбањето врз бременоста се споменуваат: намалување на болките во половината, запекот и дуењето, подобрување на сонот, одржување на мускулниот тонус на мајката и подготовката за полесен пораѓај. 

Дополнително, новите истражувања не само што потврдуваат дека вежбањето не предизвикува предвремен пораѓај на плодот, туку напротив тоа е скоро секогаш поврзано со позитивни исходи за мајката и детето. 

Мајките кои практикуваат физичка активност од било каков облик имале многу помали шанси да се здобијат со гестациски дијабетес, имале намалени шанси за покачен крвен притисок, а и процентот на природни пораѓаи наспроти оние со царски рез бил зголемен – 76% од активните трудници се пораѓале по природен пат, додека 67,5% од оние кои не вежбале морале да одат со царски рез. 

Доколку некои од овие информации ве натера да се одлучите за спортување во вашата бременост имајте на ум дека истото треба да го направите во консултација со вашиот доктор. Постојат некои состојби (близнаци, висок притисок, анемија итн.) каде вежбањето би било контраиндицирано (забрането) за мајката, па затоа бидете во комуникација со стручното лице пред да започнете со било какви вежби. 

Ако е сè во ред, тогаш на располагање ви стојат мал милион опции за активност. Пробајте јога за бремени која има потенцијал одлично да ве припреми за пораѓањето – особено за прворотките, планинарењето и пешачењето се секогаш тука особено за оние мајки со малку помала кондиција т.е. како старт кон нешто поактивно, слободно практикувајте пливање, возење велосипед, како и лесни аеробни вежби. Силовиот тренинг со тегови е ОК се додека се обавува со мали тежини. 

Внимавајте пред активностите да бидете добро загреани и да внесувате доволно течност. Не дозволувајте да се прегреете… 

Експертите препорачуваат дека мајките потребно е да практикуваат околу 150 минути физичка активност со среден интезитет на неделно ниво. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија