Утринско вежбање во Тринити со Петар и Јасна

Утрински п90х и пилатес пропратен со добар тренинг ќе ви даде доза на адреналин и чувство на завршена работа, што ќе ви го подобри расположението до крајот од денот.

Доколку се прашувате дали утринското вежбање ќе ви помогне да ја намалите телесната тежина, oдговорот е да. Причината е едноставна – вежбањето на почетокот од денот ќе ви помогне да го забрзате метаболизмот во раните утрински часови, а забрзната работа ќе продолжи уште неколку часа по крајот на тренингот. Тоа значи дека ќе трошите многу повеќе калории во најактивниот дел од денот, што во превод значи и помалку килограми. За да дојдете до посакуваната цел ќе мора да се држите до здравата исхрана и да создадете здрава навика за спиење.
Ќе ви претставиме дел од програмот на п90х преку 4 кратки видеа,
1. Core – без crunches до рамен и обликуван стомак
2. Power and balance – вежби за сила и баланс со кои се зацврстува целиот горен дел од телото, а особено градите и рацете

3. Total body workout – вежби со тегови и вратило за зацврстување на рацете, нозете, рамениците и грбот
4. Pliometrics – серија на кратки вежби со кои се вади максимумот од сите мускули, а особено од нозете, одлични за согорување на калории како резултат на фактот дека овие вежби се базираат на низа брзи и експлозивни движења
како и Пилатес фит програмот преку 3 видеа

1. Вежби со пилатес топка – до 40% поголеми резултати -Пилатес топката не само што дополнително ги активира и зацврстува мускулите, туку и ја подобрува издржливоста, координацијата, флексибилноста и ги прави вежбите релаксирачки. Со правилни движења и загревење, вежбите на топка ќе ви помогнат да ги зајакнете мускулите, да ја подобрите издржливоста, рамнотежата и стабилноста, т.е. да ослабете. Пилатес топката е одлична и за намалување на болките во ‘рбетот и за подобрување на држењето на телото.

2. Вежби со медицинка – Без склекови до совршено обликувани раменици, грб, граден кош, стомак. Секси, a воедно и мојот омилен реквизит.

3. Кардио кик фит – Придобивки од кардио тренингот
Треба да знаете зошто е важно да се прави кардио тренинг. Кардиоваскуларна вежба значи да вршите некоја активност која го зголемува нивото на брзина со која работи срцето, така што вежбате, а сепак можете да разговарате. Еве зошто кардиото е важно:
– тоа е еден од начините да согорувате калории и помага во намaлување на тежината
– го прави срцето посилно, па тоа не мора да се оптеретува за да пумпа крв
– го зголемува капацитетот на белите дробови
– го намалува ризикот од срцев удар, холестерол, висок крвен притисок и диабетис
– прави да се чувствувате подобро
– помага подобро да спиете
– го намалува стресот

П.С Не пробувајте дома, дојдете во Тринити – со Јасна, Петар, Кате, Димитар, Стефана и Снеже на забавен и пријатен начин лесно ќе дојдете до телото што отсекогаш сте го посакувале.