Турски тек версус турско станување

Ако сте од оние што кликнаа на линков од геостратешка љубопитност, повелете, дочитајте го текстот кој ќе ви ја покаже важноста на турското станување, што не е помалку важна на пример од: турското кафе, турската серија, турската баклава или турскиот тек. 

Турското станување (turkish get up) е вежба која имаа бааги долг стаж и претставува комплексно парче што го пополнуваат големиот мозаик на телесни вежби. Самата вежба на прв поглед е лесно изводлива и се состои од неколку основни фази кои се прелеваат и со правилна координираност се изведуваат во слеана целовитост.

Според некои податоци вежбата ja смислуваат турски борачи во деветнаесетиот век (откаде што и го добива името), според други таа датира од поодамна..

Постојат повеќе нејзини варијации и модификации во техниката на изведба на фазите, и на тоа што подигаме (тег, човек, руско ѕвоно), најчесто вежбата се изведува со руско ѕвонобидејќи е најпрактично во однос на распоредувањето на тежината (слеана со раката). Вежбата изискува сила и баланс во трупот и екстремитетите при изведбата затоа што низ целото движење товарот стои над главата. Во серија со повеќе репетиции, самото движење се изведува во обратен правец (наназад) и се повторува фаза по фаза.

Доколку не се чуствувате сигурни направете го пробно без терет, и започнете со 5-10 килограми во зависност од спобностите. Направете од 3-5 серии со 6-12 повторувања (двострано). Можете да ја изведувате вежбата во склоп на некој кружен тренинг или на почетокот од некаква специфична спортска активност. Во видеото подоле Стив Котер ќе ви ги долови варијациите во исчекорувањето..Пробајте

Домаќинска варијација

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија