Наслов

Трчањето ја подобрува меморијата и го штити мозокот од стрес

Трчањето е најсилниот лек за подобра меморија, велат истражувачите.

Овој вид на физичка вежба ги штити деловите на мозокот кои се одговорни за учење и помнење, а исто така ве штити и од негативните ефекти предизвикани од стресот. Експертите велат дека е неверојатно како можеме да ги надминеме негативните ефекти на стресот врз нашиот мозок само со едноставна физичка активност како што е трчањето.

Во рамките на хипокампусот, создавањето на спомените и меморирањето на вештините е во најдобра состојба кога невроните, наречени синапси, растат со текот на времето. Хроничниот стрес ги ослабува овие синапси и негативно влијае на нашата меморија. Додека идеалната ситуација за учење, меморија и подобрување на вештините е без стрес и со редовна физичка активност, нешто што речиси е речиси невозможно во современиот живот. 

Сите ние имаме стрес, но важно е да научиме како да го контролираме и менаџираме истиот во нашите животи.

25 Февруари 2018

За авторот