Six Pack рецепт од 1940та

Ако некогаш сте се запрашале како изгледало ковањето на основното орудие за на плажа (Six Pack- от) во времето на вашите дедовци, цртежот ќе ви покаже дека доколку нешто е ефективно, нема зошто да трпи промени, па макар и да се работи за типови на вежби за абдомен.

На цртежот, кој датира од 1940тата година, се прикажани типови на вежби за стомачни мускули. И покрај милионите справи кои се измислија после 70 години, некои класици и покрај модерните помагала не умираат, но сепак, дел од вежбите тешко дека во денешно време ќе ги видите по фитнес центрите. Особено 12-тката, таа е загрозен вид…