Kога едниот близнак ќе престане да вежба

Имаш 10 пара еднојајчани близнаци. Сите се скоро еднакво активни во нивниот живот, но во одреден период едниот престанува да вежба и да води грижа за своето здравје. Перфектна можност за докажување на ефектот од престанокот на вежбањето врз целокупниот организам.

Поради генетската идентичност, еднојајчаните близнаци се можеби најдобрата опција кога во прашање се споредбените анализи во некои истражувања. Нивните организми се скоро идентични, често водат сличен начин на живот, но што се случува кога едниот поради било какви причини прави одердени промени во неговиот животен стил т.е. без разлика на околностите станува помалку активне отколку што претходно бил?

Убава компаративна анализа имаат направено научниците од  Medicine & Science in Sports & Exercise каде што 10 пара еднојајчани близнаци беа ставени на експеримент за тоа како делува намалувањето на физичката активност врз човечкиот организам. 

Близнаците биле околу нивните 30-ти години, сите биле израснати под исти кров во исто семејство (важно за влијанијата, начинот на исхрана и размислување), и до одреден период од нивните животи тие биле скоро еднакво активни на полето на спортот и фитнесот. Единствената разлика била во тоа што во секој од паровите еден од нив во последните неколку години малку го запоставил овој сегмент поради фамилијарните и работните обврски додека другиот си продолжил со активниот начин на живот. 

Во просек, поактивната половина на близнаци вежбале најмалку двапати неделно, додека другиве го правеле тоа помалку од двапати неделно.

Резултатите покажале воочлива разлика. Додека оние кои продолжиле да спортуваат имале помал процент на телесни масти (во просек 20 проценти наспрема 24), подобри нивоа на издржливост и кондиција и нормален телесен одговор према инсулинот, другата половина на близнаци која била помалку аквтивна забележала зголемување во телесните масти, далеку полоша кондиција и слаб инсулински одговор, знаци кои покажуваат рани метаболни состојби. 

Иако истражувањето е направено на мал број луѓе тоа дефинитивно ги покажува лошите ефекти од откажувањето на фитнес рутината која го одржува човек во одлична форма, како телесно, така и умствено. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија