На плажа (освен пешкири) постели и конуси

Вообичаено во нашето општествено опкружување, ментален склоп и вредносен систем важи следниот постулат – кога одиш на плажа сè што ти треба е пешкир и крема за сончање. Никој во торбата нема нешто како конуси, маркери, јаженце, топка, фризби или тоа е случај кај малкумина. Во аранжманот од  10-15 дена одмор на некоја песочна плажа во цената имате и можност за тренинг на песок со исклучителен тренажен ефект за целотот тело. Ваше е само да сакате! П.С. плажи со ситен белутрак исто така се земаат во предвид.

Кога веќе сме кај песокот, и што можете да направите активно на плажа прочитајте ја статијава за да ви се освежат идеите. Ефектот од тренингот на песочна површина е одамна добро познат на тренерската фела низ светот. Да, да, солидна плоштина со длабок песок во урбани услови тешко се наоѓа, но затоа секоја година патот ќе ве однесе некаде близу до некоја плажа и тука важи онаа старата – „еден куршум, два зајаци”.

Бидејќи песочната површината е константно во „движење” вие постојано ќе бидете надвор од баланс и секако телото ќе има поголем предизвик за да одржи рамнотежа. Тренингот од ваков тип ќе ги активира сите делови од локомоторниот апарат, зглобовите ќе бидат ставени на тест, а лигаментите и мускулите исто така.

Подобрувањето на стабилноста и рамнотежата во услови на трчање, агилни движења со промена на правец е загарантирана. Типот на подлогата има влијае врз телесната структура,  а бенефитот што ќе го добиете е подобрување на брзината, експлозивноста, силата >> ВИДЕО ПРИМЕРИ ОД ОГНЕН ПАВЛОВСКИ ТУКА<<.  

За максимизирањето на ефектот во горенаведените сегменти на телесната „експресија” добро биле запознати советските научници кој биле задолжени да ги оптимизираат тренажните програми на нивните Олимписки тимови.

Особено олимписките спринтерски тимови задолжително правеле стартови во песок (шлајфување) затоа што на тој начин во специфична биомеханика се активира задната ложа, што ја прави посилна и поексплозивна, а која е од исклучително значење во спринтот, освен тоа нестабилната површина ги принудува флексорите во колкот да се активираат повеќе за да се подигне коленото повисоко и плантарните флексори за да може поефективно да се придвижи телото низ просторот.

Со други зборови дополнителниот ангажман на мускулите на нозете во екстензијата и флексија на скочниот, колениот и зглобот на колкот е причина за позитивнта адаптација која како кумулутивен процес дава позитивни резултати во соодветна оптимизирана тренинг и натпреварувачка програма.

Песокот ја  апсорбира првично генерираната сила која има улога да го исфрли и избутка телото во одреден правец, со што во песочната подлога тој ефект се “анулира” и ја зголемува потребата за додатни засилувања. Овој напор телото односно мускулите  го памтат како нервно мускулен код, кој по потреба се става во функција да остварува задача (пр.  да се стигне прв на целта). 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија