Можеш ли да финишираш на Тур де Франс?

Ако некогаш сте се запрашале како изгледа Тур де Франс низ бројки и колкав напор е потребен за за да се заврши, еве неколку интересни податоци врзани токму за оваа тематика.

Не постои позначајна, попозната и потешка трка од престижната Тур де Франс. Не постои вљубеник во овој спорт кој барем еднаш не добил желба да вози на легендарната патека и да го искуси духот на Турот. Оваа година се возат стандардни 21 етапа, а целиот тур ќе биде со вкупна должна од 3480км или во просек 165км по етапа.

Ако некогаш сте се прашале како изгледа во просечни бројки да се финишира на ова легендарно натпреварување, бројките би изгледале вака:

Просечната брзина која професионалните велосипедисти ја имаат на рамен терен е 40 километри на час, а ако мислите дека тоа е брзо тогаш што ќе кажете за просечните 50 километри на час на тајм трајл? Просечна брзина на вело ентузијаст е отприлика 27 километри на час.

Просечната должина која посветен аматер ја прави на неделна база е околу 320 километри. На Тур де Франс тој просек изнесува 1200 километри. Целиот настан трае вкупно 23 дена и за целото тоа време има само два слободни денови во кои овие врвни атлети сепак возат во времетрање од два до три часа.

Калорискиот внес кај овие супер спортисти е 8000 калории дневно. По секоја етапа велосипедистите губат по 5000 калории кои мора да се надоместат. Сметате дека барем во ова можете да се носите со елитата? Пробајте да изедете 30 порции паста во првите два дена од натпреварот надополнето со пијалаци, ужинки, овошје, јогурт…

Најтешкото качување и најпознатото на турот е Алпe дуЕз (Alpe d’Huez). Качувањето е долго 13,8км а велосипедистите го комплетираат за околу 40 минути. На просечен аматер би му требале барем час и половина.

На сето ова треба да се додаде и психичкиот притисок од 12 милионската публика низ улиците на Франција и три милијарди гледачи низ светот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија