Mountain climber- задолжителна вежба во тренингот

Mountain climber е одлична вежба која може да биде дел од основниот сегмент или како дел од загревањето или подготвителната фаза. Оваа вежба е интегрална и активира неколку групи на мускули.

Припаѓајќи на групата калистенични вежби кој по својот дизајн активираат на различен начин (контракција) повеќе групи на мускули, mountain climber е одличен за понапредни вежбачи кој имаат доволно муслулна сила во горниот и долниот дел од телото за правилно да ја изведат.

Ваквите вежби се изведуваат без помош на машини и помагала и се наменети за подобрување на повеќе психомоторни сегменти како координација, сила, издржливост (општа и локална) и флексибилност.

Придобивки:

  • Зголемување на стабилноста во колковите и трупот 
  • Зголемување на мускулната издржливост 
  • Подобрување на општата кондиција
  • Придобивки кон специфичните спортските перформанси
  • Превентивно делува против повреди

 Изведба: 

Од позиција на штица (планк) со испружени раце направете флексија во колкот и доведете го едното колено во висина на градите. Наизменично менувајте ги нозете и ритамот односно темпото. Од него ќе зависи и кардиоваскуларната компонента на вежбата.

Направете 3-6 серии од по 30-60 секунди со пауза од 60 секунди помеѓу изведбите.

Постојат повеќе варијации на оваа вежба. Во ова видео можете да видите некј од нив.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија