Колку се фит Ф1 пилотите?

Шампионатот во Формула 1 отсекогаш бил натпреварување кое важи за исклучително ризично и возбудливо во исто време. Секој има свој тим или пилот за кого навива, но дали некогаш сте се запрашале како изгледа тренингот, оној во вежбална, на еден Ф1 возач и колку се тие физички спремни? На неполни 10 дена пред новата сезона која стартува во Австралија, ѕирнете да видите колку сериозно работат Ф1 пилотите на својата физичка пропрема, сила, издржливост.. 

Верувале или не, Формула 1 пилотите се едни од најспремните спортисти на светот кога е во прашање нивното фитнес ниво. Сите возачи во шампионатот пред да започнат со професионално натпреварување во овој спорт, поминуваат низ период на физичка адаптација и подготовка бидејќи за ниеден друг мото спорт не е потребна толкава цврстина и издржливост.

За време на една трка која во просек трае околу еден час и триесет минути, пилотите се постојано изложени на огромен притисок од гртавитационата сила. Г силата достигнува до неверојатни „5Г” што за неистренирано тело би било еднакво на катастрофа. Дополнително, екстремно тесниот простор во болидот во комбинација со температурата која во истиот достигнува до 60 степени, прават пилотите да губат во просек по 3кг за време на една трка.

Со други зборови колку е поспремен пилотот, толку е помала веројатноста за замор во тек на трката и со самото тоа пад на концентрацијата која во вакви спортови може да чини живот, а не па место на табела. Затоа сезоната за Ф1 пилотите не започнува со пилотирање на болидот туку си интензивни кардио-васкуларни тренинзи кои подоцна во текот на сезоната се намалуваат и се користат за одржување на веќе постигнатата форма. Исто така, тренингот на еден Ф1 пилот подразбира и крос тренинг со тежина со посебно внимание на вратот, градите и јадрените мускули кои се први на удар на гравитационата сила.

Исхраната е уште една од алките кои придонесуваат во формата на овие атлети. Пилотите во Формула 1 важат за спортисти со убедливо најригорозен начин за исхрана бидејќи нивното тело е дел од вкупната тежина на болидот. Вообичаен оброк пред трка би бил пилешки гради или туна со зеленчук. Хидратацијата е секогаш на највисоко ниво, посебно ден пред трка.

Во продолжение погледнете како изгледа фитнес нивото на светскиот шампион Нико Розберг.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија