Имате ли осет со кој интензитет вежбате

Луѓето обожаваат рутини па многу веројатно е дека кога одите да ја извежбате дневната доза работите со лигав интензитет и не давате максимум, а длабоко во себе сте уверени дека целосно сте се исцрпиле.

Една студија правена врз мешовита група на луѓе (мажи и жени од различни возрасти, народи и конституции) покажува дека човекот несвесно се штеди кога во прашање е интензитетот на неговиот тренинг и не знае коректно да вложи поголеми напори за да се активира на едно повисоко ниво.

Учесниците биле замолени да трчаат на трака со темпото според кое мислат дека добиваат најмногу здравствени бенефити, но 75% од нив според мониторите за срцева активност трчале со низок интензитет, во просек 57% од максималната срцева работа. Овие бројки се далеку од оној „умерен“, а уште подалеку од високиот интензитет кои веќе докажано носат далеку поголеми полезности врз човечкиот организам. 

Според главниот автор на испитувањето проблемот е во тоа што здравствените препораки кои се достапни по медиумите ги наведуваат луѓето да мислат дека вежбањето е лесна работа (често за да се натераат луѓето почесто да го внесат во нивните животи), но тоа не влијае коректно врз интензитетот со кој е најдобро да се вежба. 

Затоа, преиспитајте си ги вашите напори во едночасовното трчање на кеј затоа што можеби длабоко во себе си го преувеличувате интензитетот со кој работите. А најубаво е кога имаш тренер. Е тогаш нема забушавање..

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија