Глутеална амнезија – кога ќе заборавите дека имате задник

Пасивниот начин на живот богат со многу седење а малку движења многу често е причина за слабеење или атрофија на глутеалната мускулатура или мускулатурата на задникот. Изгубената меморија за основните активности на мускулите на глутеалната регија е познато како ГЛУТЕАЛНА АМНЕЗИЈА.

Глутеалната регија ја сочинуваат големиот, средниот и малиот глутеален мускул (musculus gluteus maximus, medius i minimus ) и тие се одговорни за контрола на движењата на колкот и колената, за стабилност на карлицата а со тоа и за нормалната постура на телото.

Изгубената работна меморија на глутеусот што е честа појава кај слабо активните луѓе кои поголемиот дел од денот го минуваат во седечка позиција ја превземаат други групи на мускули како мускулите на долниот дел на кичмениот столб и задната надколена ложа (hamstring). Пасивностa на глутеусот може да биде форсирана и од доминација на квадрицепсни вежби, несоодветна тонизација на стомачната мускулатура како и од несоодветна статика при седењето.

Затегањето во хамстринзите или задните надколени ложи кога ќе направите доминантни вежби за глутеуси е прв и сигурен знак бидејќи тие се со намалена флексибилност поради слабите и опуштени глутеуси. Лордотичната постура (искривеност на кичмата према напред) е поради инклинацијата на карличниот појас кон напред и ослабената абдоминална мускулатура.

Глутеалната амнезија е причина за зачестени болни состојби и повреди на колената, надколените мускули, карлицата како и на зачестени дискус хернии на дисталната кичма.

Единствен ефикасен лек за ГЛУТЕАЛНАТА АМНЕЗИЈА се правилни вежби за правилна регрутација на глутеалната мускулатура. Тонизацијата на мускулите на задникот ќе ви обезбеди добра постура и елиминација на болките во кичмата и колената.

Рекреативните вежби, спортување, пешачење, возење точак се наједноставниот модели за избегнување на сите типови на амнезија!

ВАШИОТ ЦЕНЕТ ЗАДНИК НЕ Е САМО “ОРГАН” ЗА СЕДЕЊЕ – ЕВЕ СТАТИИ ПОВРЗАНИ СО ЗАДНИКОТ.