Избери да бидеш здрав - избери да вежбаш!

ДО НАШИТЕ ВЕЖБАЧКИ – Физичка активност е здравје

Спортскиот центар за жени ФОРМА ВИТА 2013 од Струга е едниствен центар во градот каде што се применува пилатес , кардио аербок , степ аеробик, и индивидуални тренинзи за жени. Во овој центар работат тројца стручно обучени тренери со завршен факултет за физичка култура.

 

Во поново време стана тренд посебно за женската популација да се посетуваат аеробик или фитнес часови. Физичката активност е многу сериозен фактор за подобар и поквалитетен начин на живеење. Поголем дел од вежбачките имаат цел да ги намалат килограмите , друг дел да оформат и да зацврстат одреден дел од телото. Но важно е колку е правилно сфатен бенифитот што се добива од вежбањето.

Ние како аеробик инструктори сакаме да ја пренесеме вистинската суштина на физичката активност која е повеќе од важен фактор за нашето квалитетно живеење.

Нашата цел е дека вежбањето не е само да се појавиш во салата, туку кога веќе го трошиш времето троши го квалитетно и продуктивно. Ние како инструктори сме тука за да процениме и правилно да ја дозираме физичката активност, да бидеме еден мотив и инспирација , правилно да го пренесеме нашето стручно знаење, но голем дел од успехот зависи од самите вежбачки. Многу е важно секогаш да се дава максимумот од она што го бара тренерот од вас.

Пред се треба да се знае дека со самата посветеност и актвност барем еден час во денот вие избрате да бидете по витални по здрави и отпорни на повеќе болести. Од посветеноста и дисциплината и вложување на самите себе си, зависи колку ќе успеете во она што сте го замилсиле. Прво се одлучуваме да вежбаме. Резултати и вистинската вредност не доаѓаат преку ноќ.

Потрошениот час или два за физичка активност е многу важно правилно да се искористат, да се вложува максимум , да не биде вежбање поради мода туку

ВЕЖБАЊЕ СО ДОБРА МОТИВАЦИЈА И ПРАВИЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОТРОШЕНОТО ВРЕМЕ.