Подбуцнете го метаболизмот

Денот по вежбањето се познава

Редовната физичката активност несомнено е предуслов за фит и здраво тело и за одржување на квалитетен животен баланс помеѓу телото и духот. Она што голем број студии го сугерираат е да отвориме очен капак порано и да се репетираме за долгиот и стресен ден.

Без разлика дали сте решиле да слабеете или сте во некој друг модус, утринската активност ќе ви дојде како правиот клуч за да ја отворите вратата на денот. На повеќето од нас тоа ни се гледа како невозможна мисија, но никогаш не се предавајте да смогнете сили за да станете 30 минути порано да пропешачите, џогирате или да направите сесија на некој телесни вежби или јога.

Редовната активност наутро изобилува со бенефити за Вас, но овој тип на активност не треба да е со максимале учинок , стресна или со висок интензитет, туку доволна да ве воведе во работниот ден да го стартира метаболизмот и да ги истегне згрчените мускули од спиењето. Околу тоа кога е најдобро дасе тренира прочитајте тука 

Ваквата активност можете да ја искомбинирате доколку е можно и со обврските како носењето на децата во градинка или училиште, но без автомобил. Пешачењето и буткањето количка се одличен утрински тренинг. Возењето велосипед до работното место и прошетка на вашиот миленик исто така.. 

Или ако со партнерот толку добро се слагате тогаш ова е рецептот за сабајле..

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија